Светот на научно-фантастичните и фантастичните ТВ серии секогаш изгледа како да е на парадоксален праг: Премногу добри серии се откажуваат, а други премногу се враќаат на екраните.
Неколку долгоочекувани серии од некои од најголемите франшизи, вклучувајќи Marvel, Star Wars, Doctor Who и The Walking Dead, ќе се вратат во 2025 година. Бидејќи повеќето ТВ серии обично бараат година или подолго за да ја објават следната сезона, може да биде тешко да се следи каде застанавме во приказната.
Следниве се некои од највозбудливите жанровски ТВ серии кои ќе ја пуштат својата следна сезона оваа година. Покрај оние што се наведени подолу, Severance (Prime Video), Invincible (Prime Video) и Solo Leveling веќе се прикажуваат со своите нови сезони.
1. Daredevil: Born Again
Маскираниот борец за правдата од Hell’s Kitchen се враќа на телевизија на 4 март, продолжувајќи ја приказната од Netflix серијата. Адвокат преку ден и суперхерој навечер, Matt Murdock беше дел од четиричлениот Marvel мини-универзум на Netflix кој ги вклучуваше и Jessica Jones, Luke Cage, и Danny Rand познат како Iron Fist.
2. The Wheel of Time – трета сезона
Фановите ја чекаат третата сезона на The Wheel of Time веќе две години. Таа конечно ќе биде прикажана на 13 март 2025 година на Prime Video, со три епизоди на старт. Потоа, останатите пет епизоди ќе бидат објавувани секој четврток.
3. The Handmaid’s Tale – шеста сезона
Шестата и последна сезона на The Handmaid’s Tale ќе се прикаже на 8 април 2025 година и ќе го емитува последниот дел на сезоната на 27 мај. Hulu претходно сподели фотографија на главната ѕвезда на серијата, Elisabeth Moss, која ја држи таблата за првата епизода од сезоната, што исто така ќе ја режира.
4. The Last of Us – втора сезона
Втората сезона на The Last of Us ќе пристигне на HBO Max во април 2025 година, според тизерот објавен пред еден месец. Првата сезона на ТВ адаптацијата на популарната видео игра на Naughty Dog беше супер-хит, со Pedro Pascal како Joel и Bella Ramsey како Ellie, кои ја водат одличната актерска екипа.
5. Star Wars: Andor – втора сезона
Сместена пет години пред настаните од Star Wars: Rogue One, првата сезона на Andor, објавена во 2022 година, се фокусираше на бавното воведување на Cassian Andor во Rebellion. Откриваме како борецот со искуство од боиштата во филмот од 2016 година бил некогаш невино сираче на Kenari. Галактичката Империја го уништи неговата планета и го смени правецот на неговиот живот. Втората сезона стартува на Disney+ на 22 април.
6. The Walking Dead: Dead City – втора сезона
Нов тизер за втората сезона на The Walking Dead: Dead City, објавен на New York Comic Con минатата година, потврди дека премиерата ќе биде во пролетта 2025 година на AMC и AMC+ за оваа спин-оф серија. Серијата ја следи Maggie (Lauren Cohan) и Negan (Jeffrey Dean Morgan) додека ја посетуваат пост-апокалиптичка Манхатн, изолиран и отсечен од копното. Њујорк тоне во анархија и хаос додека неверојатниот двоец се здружува, за да го спасат синот на Maggie, Hershel (Logan Kim).
7. Squid Game – трета сезона
Третата и последна сезона на Squid Game, која го освои Netflix, ќе биде објавена на 27 јуни. Ова е најпопуларната оригинална серија во историјата на стриминг сервисот, па очекувањата за крајот се големи.
8. Wednesday – втора сезона
Netflix откри петсекунден поглед во втората сезона на Wednesday во нивното видео Next on Netflix 2025 објавено минатиот месец. Првата сезона, објавена во 2022 година, стана хит преку ноќ благодарение на нејзината „темна академија“ естетика, убедливата изведба на Jenna Ortega во готската комедија и наследството на The Addams Family.
9. Doctor Who – втора сезона(петнаеста сезона)
Doctor Who ќе се врати со Ncuti Gatwa во главната улога во 2025 година на Disney+ (BBC и BBC iPlayer во Велика Британија). Varada Sethu ќе ја игра Belinda Chandra, а Millie Gibson ќе се врати како придружничка Ruby Sunday. Иако технички ова е сезона 15 од франшизата како што беше обновена во 2005 година (оригиналното емитување беше од 1963 до 1989 година), оваа нова сезона ќе биде означена како „Сезона 2“ по стекнувањето на глобалните права за емитување на шоуто од страна на Disney.
10. Stranger Things – петта сезона
Како и Wednesday, видеото на Netflix за 2025 година вклучуваше делови од Stranger Things, наговестувајќи го излегувањето на петтата и последна сезона на шоуто оваа година. Бидејќи сезона 4 беше објавена во 2022 година (во два дела), обожавателите природно стануваат нетрпеливи да видат како ќе заврши ова епско научно-фантастично хорор драмско шоу. Во ноември беше објавен наслов кој најавуваше излегување во 2025 година. Името на последната епизода ќе биде „The Rightside Up“, забавен обрат на Upside Down.
11. Percy Jackson and the Olympians – втора сезона
Нема точно утврдено датум за втората сезона на Percy Jackson and the Olympians, но снимањето официјално е завршено. Рик Риордан, авторот на книгите за Percy Jackson, објави на BlueSky дека главното снимање е завршено и сега останува само пост-продукцијата пред да се прикаже „наголемо“ сезона на телевизија.
12. Gen V – втора сезона
Сместена во универзумот на The Boys, Gen V ги следи група млади и неискусни студенти на Godolking University, познато како God U, престижна институција која треба да ја подготви следната генерација супер-хероји, но која, се разбира, е полна со мрачни тајни и корупција. Ликовите учат како да ги користат своите способности додека ги навигираат замките на славата и популарноста. На крај, тие случајно наоѓаат скриена лабораторија во која се спроведуваат неетички експерименти по наредба на деканот на училиштето. Сезона 2 е закажана за премиера во 2025 година, но точниот датум сè уште не е откриен.
13. One-Punch Man – трета сезона
Некои современи аниме серии се познати по тоа што ги натераа обожавателите да чекаат долго за нови сезони. One-Punch Man последен пат објави нови епизоди во 2019 година. Третата сезона беше официјално најавена во август 2022 година, со Makoto Furukawa и Hikaru Midorikawa како враќање на улогите на Saitama и Garou. Сериијата, создадена како пародија на жанрот шонен, ќе се врати на Hulu во 2025 година, 10 години по премиерата на првата сезона.
14. Black Mirror – седма сезона
По шест неверојатни сезони, Black Mirror ќе се врати со седма сезона на Netflix во 2025 година со шест нови епизоди. Сè уште немаме точен датум, но имаме некои информации за сезоната кои ги сподели шоуранерот Charlie Brooker како дел од Geeked Week, годишниот фестивал на обожавателите на Netflix.
15. Alice in Borderland – трета сезона
Alice in Borderland беше изненадувачко вклучување во видеото Next on Netflix, бидејќи серијата веќе го покрила оригиналниот изворен материјал до крајот на втората сезона, која беше прикажана во 2022 година. Заснована на манга серија на Haro Aso, јапонската апокалиптична серија ја следи Ryohei Arisu (Kento Yamazaki), Yuzuha Usagi (Tao Tsuchiya), и други ликови кои се заробени во Токискиот Borderland и мораат да преживеат животозагрозувачки игри за да соберат сите карти од еден шпил.
16. Star Trek: Strange New Worlds – трета сезона
Производството на Star Trek: Strange New Worlds сезона 3 беше одложено за седум месеци поради штрајковите на SAG-AFTRA и WGA, но се уште се очекува премиерно да се прикаже во 2025 година. Paramount+ сè уште не го споделило точниот датум, но еден од членовите на актерската екипа откри дека снимањето било завршено до мај минатата година.
17. The Sandman – втора сезона
Втората сезона на The Sandman, која ќе биде и последна, ќе пристигне на Netflix некаде во средината или крајот на 2025 година. Одлуката да се заврши оваа скапа фантастична серија наводно била донесена пред да се изнесат повеќе обвиненија за сексуално недолично однесување против оригиналниот автор, Neil Gaiman, творецот на оригиналната комикс серија. Нови ликови вклучуваат браќата и сестрите на Delirium (Esme Creed-Miles), Destiny (Adrian Lester), и The Prodigal’s (Barry Sloane).
18. The Witcher – четврта сезона
Netflix потврди дека The Witcher ќе се врати со сезона 4 во 2025 година, при што Liam Hemsworth ќе ја игра главната улога на Geralt of Rivia. Тој ја презема улогата од Henry Cavill.
19. Outlander – осма сезона
Снимањето на сезона 8 на Outlander заврши во септември 2024 година во Шкотска. Официјален датум за премиерата сè уште не е објавен. Постои можност Starz да изберат да ги објават епизодите во 2026 година, но сметаме дека е поприлично веројатно дека ќе започнат да се прикажуваат кон крајот на 2025 година. Ова ќе биде последната сезона на шоуто.
20. Fire Force – трета сезона, прв дел
На Anime Expo 2024 беше најавено дека Fire Force ќе ја објави својата последна сезона во делови, при што првата половина ќе дебитира во април 2025, а втората во јануари 2026.
21. My Hero Academia – осма сезона
Во декември 2024 година, на Jump Festa во Јапонија беше најавено дека осмата и последна сезона на My Hero Academia ќе започне со емитување есента 2025 година. Беше најавена и спин-оф серија, My Hero Academia: Vigilantes, која ќе биде објавена во април 2025 година.
22. The Walking Dead: Daryl Dixon – трета сезона
Другиот спин-оф на The Walking Dead кој ќе пристигне оваа година е Daryl Dixon, а снимањето на сезона 3 веќе е завршено. AMC не го објавил точниот датум на премиерата, но сезоната е планирано да биде објавена во есента 2025 година.
23. For All Mankind – петта сезона
Оригиналната серија на Apple TV+, For All Mankind, го заврши снимањето за сезона 5 до средината на декември 2024 година, што значи дека се очекува премиера кон крајот на 2025 година. Серијата е една од најомилените и најдолготрајни оригинални програми на платформата.
24. Foundation – трета сезона
Другата голема научно-фантастична серија на Apple TV+, Foundation, се очекува да се врати во 2025 година. Базирана на делото на Isaac Asimov, оваа вселенска драма е сместена во далечна галаксија.
Преземено: Winter is Coming
Подготви: Б. Т.