ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Концепцијата за гимназиско образование мора да се повлече, бараат професори

February 26, 2025 10:33
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Концепцијата за гимназиско образование мора да се повлече, никаде во светот не се укинуваат филозофски предмети. Во концепцијата не само што недостасуваат социјалните вештини, туку, исто така отсуствува и транспарентноста. Во неа, не може да се видат ниту експертите кои ја имаат подготвено. Доколку не се промени ќе има длабоки последици врз образовниот процес. Ова синоќа го потенцираа експертите на јавната трибина „Гимназиско образование – предизвици и перспективи“ во организација на Прогрес Институт за социјална демократија.

На експертската дебата, проф. д-р Зоран Матевски од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет – Скопје, гимназискиот професор и доктор по филозофски науки, Трајче Серафимовски и пратеничката во македонското Собрание, проф. Даниела Николова ја анализираа предложената реформа за гимназиско образование без политизирање.  Модераторка беше м-р Иванна Хаџиевска, докторанд по социологија.

Проф. д-р Зоран Матевски, истакна дека во предложената концепција недостасуваат социјалните вештини и го нема социјалното суштинско значење кое обезбедува кохезија помеѓу учениците, наставниците и менаџментот во образовните институции.

„Во новата концепција се маргинализираат одредени социолошки, педагошки перспективи. Не ми се допаѓа што експертите се скриени, на пример за разлика од концепцијата за основно образование кадешто експертите ги знаевме, беа доблесни да излезат на дебата во медиумите. Сега тоа го немаме. На содржината и фали едно повисоко научно ниво. Социјалните вештини недостасуваат во самата програма. Социологијата е начин на живот и затоа, за да создадеме поправеден и поинклузивен свет за генерациите коишто доаѓаат нас ни треба таа социолошка перспектива во новата концепција за гимназиско образование“, рече Матевски.

Проф. д-р Трајче Серафимовски посочи дека концепцијата мора да се повлече.

„Јавната дебата мора да биде проникната со сите заинтересирани страни, не може да се прави во тесен круг на луѓе. Етичноста на концепцијата ќе се постигне кога ќе излезе во јавност, кога ќе ја повика фелата да се изјасни што има да каже. Математиката е оперирање со знаци, математиката не е етичко мислење. Позицијата на филофоската група на предмети е неприкосновена. Никаде во светот држава која се дефинира себеси за цивилизирана и којашто гради образовно-воспитен процес, никаде во светот го нема тој момент на укинување на филозофски група на предмети“, изјави Серафимовски.

Пратеничката проф. Николова порача дека предложената концепција е неиздржана која ќе произведе лошо гимназиско образование.

„Не постои земја во регионот, во Европа, а можеби и пошироко кадешто во гимназија филозофија не е задолжителен предмет. Ова е еден голем преседан. Етика и логика досега беа изборни предмети, моето лично убедување беше дека дури некој ќе се сети и ќе има потреба етиката од оној дел на изборни предмети да се префрли во делот на задолжителни предмети, имајќи ги предвид сите случувања, со добро однесување, но и булинг во училиштата итн. Не знам како нашите деца ќе ја развиваат критичката мисла ако ја немаат филозофијата, ако немаат логика, ако немаат етика. Не знам како ќе станат одговорни граѓани, како ќе го унапредуваат и заедничкото живеење, бидејќи индивидуалното треба секогаш да е проследено и со колективното. Во интерес на доброто и иднината на нашите деца оваа концепција треба и те како да претрпи промени, да биде повлечена“, посочи Николова.

Next Post

Во Битола, проекција на документарен филм „Фаќачи на раселени сеќавања – приказната на Зиса Хаџиевски“

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk