ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Поднесуваме закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници

March 3, 2025 14:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ најави поднесување на нов закон во Собранието, кој предвидува зголемување на платите во приватниот сектор без дополнителен финансиски товар за работодавачите. Според ова законско решение, платите на работниците би можеле да се зголемат за износ од 3.000 до 15.000 денари без обврска за плаќање придонеси на тој дополнителен дел.

„Се соочуваме со реален проблем – платите се уште се ниски, а трошоците за живот растат. Со оваа мерка, директно ќе им помогнеме на работниците и ќе создадеме поволна економска клима за компаниите“, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција.

Како ќе функционира мерката?

Според предложениот закон, работодавачите во приватниот сектор ќе можат да исплаќаат повисоки плати без да плаќаат дополнителни придонеси за пензиско, здравствено и социјално осигурување. Придонесите ќе останат замрзнати на просекот од последните три исплатени плати, а оваа мерка ќе важи во период од една година.

Кој ќе биде опфатен?

Законот се однесува на работници чии нето плати не надминуваат 65.380 денари. Според проценките на СДСМ, оваа мерка би можела да опфати околу 400.000 работници.

Ако просечното зголемување на платата биде 7.500 денари, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би изнесувало 585 милиони евра годишно. Дополнително, иако за зголемениот дел од платата нема да се плаќаат придонеси, државата ќе наплати 58,5 милиони евра од данокот на личен доход.

Очекувани ефекти

Според СДСМ, предложеното законско решение ќе има позитивни ефекти врз работниците, компаниите и државата:

  • Работниците ќе добијат повисоки плати и подобрен животен стандард.
  • Компаниите нема да бидат дополнително оптоварени со давачки, што ќе ги охрабри да инвестираат во своите вработени.
  • Државниот буџет ќе добие дополнителни приходи од данокот на личен доход.

„Оваа мерка е паметна, правична и издржана. Очекуваме парламентарното мнозинство и Владата да ја поддржат, бидејќи нема оправдување за нејзино одбивање“, порача Лукаревска, додавајќи дека ако власта не го поддржи законот, тоа би значело спротивставување на подобрувањето на економската состојба на граѓаните.

СДСМ најави дека ќе бара итна процедура за усвојување на законот и ги повика сите пратеници да го поддржат во интерес на работниците и економијата на земјата.

– СДСМ во изминатиот период докажа дека минималната може и мора да се зголемува и тоа го правевме со соодветни законски решенија. Сега гледаме дека цените постојано растат, животниот стандард на граѓаните континуирано опаѓа, владата не нуди никаква економска политика којашто ќе значи повисоки плати за работниците, и ликвидност на компаниите. Гледаме дека ефектите коишто ги имаа кошничките не го дадоа резултатот, нема никакви ефекти, одговарајќи на новинарско прашање, истакнаЛукаревска.

Таа нагласи дека СДСМ „секогаш биле на страната на работниците и да се зголеми платата, така да ја поддржуваме борбата на синдикатите за 500 евра минимална плата“.

– Сите наши економски мерки коишто ги поднесовме во изминатиот период како и оваа денеска одат во интерес на зголемување на платите на граѓаните, односно на работниците, потенцира Лукаревска.

 

Tags: ЛукаревскаплатиСДСМ
Next Post

Трендафилов: ССМ бара дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари

Shortcut

Најново

Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk