ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Уапсена вработена во ОБСЕ -Косово за шпионажа, судот и одреди притвор од еден месец

March 3, 2025 10:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Главните безбедносни и правосудни институции на Косово уапсија жена осомничена за шпионажа на граничниот пункт Јариње со Србија.

Според Специјалното обвинителство, косовската полиција и Косовската разузнавачка агенција (КИА), апсењето е извршено по неколкумесечни истраги. Осомничената Јелена Ѓукановиќ и припаѓа на српската заедница и е вработена во мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово, пренесуваат косовските медиуми. 

Таа наводно и давала информации на Српската разузнавачка служба (БИА). На истата и е одреден 48 часовен притвор, додека полициски единици упаднале во нејзиниот стан. Ова е прв случај на апсење за шпионажа во 2025 година. Минатата година беше одбележано апсењето на двајцата косовски албански државјани, Бедри Шабани и Мухарем Ќерими, исто така осомничени за соработка со српската БИА. Според Кривичниот законик на Косово, шпионажата се смета за кривично дело против уставниот поредок и безбедноста, што се казнува со затвор од 5 до 12 години.

Основниот суд во Приштина и одреди триесетдневен притвор на Јелена Ѓукановиќ, осомничена за шпион, која беше уапсена пред два дена на граничниот пункт во Јариње. Судот заклучил дека постои ризик од бегство на обвинетата или дури и да се влијае врз доказите доколку таа биде ослободена.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека е запознаена со извештаите за приведувањето на функционерот од оваа мисија од страна на правосудните органи на Косово за шпионажа.

Мисијата на ОБСЕ во неделата на Фејсбук напиша дека се подготвени да соработуваат со властите, бидејќи рекоа дека поради истрагите не можат дополнително да коментираат за овој случај.

„Мисијата на ОБСЕ на Косово е запознаена со извештаите во медиумите во врска со приведувањето на член на мисијата. Ние сме во контакт со нивниот законски застапник и внимателно ја следиме нивната благосостојба во согласност со нашата должност за грижа. Иако Мисијата не може дополнително да коментира за овој случај поради тековните истраги, останува посветена на соработка со надлежните органи“, се наведува во соопштението.

Од ОБСЕ посочија дека се во контакт со релевантните институции, а исто така и со Секретаријатот во Виена „за да се обезбеди усогласеност со соодветниот процес“.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Кина подготвува одговор на новите американски царини

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk