ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

March 6, 2025 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

– Да се оствари уште подлабоко партнерство и пријатлество меѓу нашите земји што е добро за двата наши народа. Вие знаете, ги потврдувам зборовите на претседателот Гаши дека Република Хвратска е силен поддржувач на Република Северна Македонија. Знам дека се соочувате со проблеми. Знам дека вашето членство во НАТО беше исплнето со препреки, и дека се уште се соочувате со одредени препреки кон патот на ЕУ. Можам да кажам дека членството во ЕУ има геополитичко значење. Тоа донесува сигурност. Се разбира, на тој пат вашата земја ќе мора да помине низ процес на реформи што е добро затоа што и Хрватска го помина тоа, рече Јандроковиќ.

Ве охрабрувам, нагласи спикерот на хрватскиот Сабор, да продолжите на тој пат, да дадете се од себе затоа што тоа, како што рече, ќе биде во корист на државата.

-Реформите донесоа многу позитивни ефекти во општеството. Имаме инвестиции, зголемено ниво на вработеност. Имаме најпозитивни општествени промени. И затоа и ве охрабрувам да продолжите на тој пат да дадете се од себе затоа што тоа ќе биде во корист на државата. Ќе обезбеди подобра економија и подобар животен стандард. Без разлика на препреките и на пречките коишто се некогаш неправедни вие ја имате нашата поддршка на тој пат, рече тој.

Јандроковиќ потенцира дека политичките односи меѓу нашите две држави се извонредни, исто како што е економската соработка бидејќи, како што рече, стоковата размена меѓу двете држави постојано расте.

-Можам да кажам и дека односите меѓу нашите два народа се навистина пријателски. Секогаш постои партнерство, пријателство, симпатија, бидејќи не врзуваат историски врски. Овој состанок е многу важен не само за развојот на билатералната соработка туку и за парламентарната соработка и се надевам дека оваа средба ќе даде позитивна динамика во понатамошните односи, рече Јандроковиќ.

Гаши нагласи дека во фокусот на нивниот состанок било зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка преку заедничките парламентарни групи кои се формирани во двата законодавни дома. Размената на искуства, идеи и идентификацијата на полињата за соработка, додаде тој, се клучни чекори во зајакнувањето на нашите врски.

-Хрватска беше и останува силен и постојан поддржувач на европската перспектиава на нашата држава. Силно верувам дека Хрватска е примерот од кој можеме да научиме како да ги спроведеме реформите и интегративниот процес во ЕУ. Потсетувам дека двете земји во истата година го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а денес Хрватска веќе 12 години е полноправна членка, додека за жал, Северна Македонија заостанува во овој процес поради добро познатите пречки. Свесни сме дека има уште работа реформи што треба да се спроведат и прашања кои треба да се решат. Но со сојузници како Хрватска и другите од ЕУ веруваме дека овој процес ќе биде успешен за нас исто како што беше и за Хрватска. Реформската агенда и планот за раст на Западен Балкан се важни и орхабрувачки елементи кои сведочат за ангажамнот на ЕУ во поддршка на нашата интеграција и земјите од регионот, рече спикерот Гаши.

Оваа средба, како што потенцира Гаши, исто така беше одлична можност да потврдиме дека нашите сојузништво е уште посилно преку соработката во рамките на НАТО каде нашите земји активно учествуваат во мисиите за зачувување на мирот и безбедноста, како заеднички демократски вредности.

-Во рамките на оваа заложба се согласивме дека нашата интеграција во ЕУ не е само аспирација и потреба за внатрешен развој, туку е геополитичка нужност особено ако ги земеме предвид тензиите и руската агресија врз Украина. Сметам дека нашиот пат кон ЕУ е инструмент за обезбедување за стабилност и мир во регионот. Ги разгледавме можностите за соработка во различни области како што се економијата, културата и мултилатералната соработка. Се согласивме дека ќе продолжиме да бидеме лојални партнери на регионално и меѓународно ниво.
Поддршката на Хрватска за Северна Македонија како во процесот на интегрција во ЕУ, така и во секоја друга област е од непроценлива вредност и од клучно знаење за нас, рече Гаши.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ по прес-конференцијата се обрати и пред пратенците во македонското Собрание.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Гашиевроинтегративниот патЈандроковиќхрватска

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk