ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија

March 6, 2025 09:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.  Воведувањето царини од страна на Трамп, ја поттикна Канада да преземе одмазднички мерки, што предизвика тарифна војна меѓу двете соседни земји. Одлуката за одмазднички мерки на Мексико се очекува овој викенд.

– Трамп   одлуката за привремено   изземање ја донесе откако разговараше со лидерите на „големата тројка“ американски производители на автомобили – Форд, Џенерал Моторс и Стелантис, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

На прашањето дали 30-дневното одлагање е доволно за да се подготви автомобилскиот сектор за новите тарифи, Левит нагласи: „Тој им рече да се соочат со ситуацијата, да почнат да инвестираат, да почнат да се селат, да префрлат производство овде во САД, каде што нема да плаќаат никакви тарифи“.

Акциите на големите производители на автомобили од САД, Азија и Европа скокнаа до шест отсто по новата одлука на Трамп.

Левит рече дека претседателот е „отворен“ за барања од други индустрии што бараат исклучоци.

Паузата на тарифите за автомобилите со кои се тргува според Северноамериканскиот договор за слободна трговија (USMCA) само го одложува поширокото воведување на тарифите, што стапуваат на сила на 2 април. За тој ден, Трамп планира да воведе „реципрочни“ тарифи за да одговараат на увозните давачки, даноци и стимулации во други земји.

Tags: КанадаМексикопаузираТрампцарини
Next Post

Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk