Пласман во финалето во скок во далечина со нов државен рекорд обезбеди синоќа Андреас Трајковски на првиот ден од атлетското Европско првенство (ЕП) во сала кое до 9 март се одржува во холандскиот град Апелдорн.
Трајковски, кој е единствениот македонски претставник на ЕП во Апелдорн, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри со резултат 7.85 метри кој го постигна во третата серија, што воедно е и нов македонски рекорд во оваа дисциплина.
Во првата серија Трајковски прескокна 7.51, а во втората 7.77 метри, освојувајќи го на крајот седмото место во квалификациите.
Финалето во скок во далечина во машка конкуренција е на програмата в петок со почеток во 20:34 часот.