За јавните набавки за храна за Владата, премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе провери дали многу се трошело од парите на граѓаните и ќе даде одговор.
-Но, прочитав и јас во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам конкретно. Но, ќе го проверам сето тоа дали е така. Но, ако е целта да најдеме нов начин, и нова формула во Владата, ако може на воздух да се живее, еве јас ќе ви кажам дека сега сме во месец на рамазански и велигденски пости, внимаваме каква храна конзумираме.Конкретно јас постам, знам дека голем дел од колегите и од христијанска православна вероисповест, и од исламска вероисповест, постат и ги почитуваат овие пости. Така што во периодот ќе внимаваме овие трошења да ги сведиме ако е можно на нула, изјави Мицкоски.