ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Андоновски призна – тендерите ги има добиено сопругот на Државната секретарка

March 10, 2025 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Со неверување ја примивме скандалозната изјава на министерот Стефан Андоновски. Toj ги призна и ги потврди информациите на СДСМ а со тоа и скандалот: тендерите во неговото министерстви ги има добиено сопругот на Државната секретарка во истото министерство- Гордана Клинчарова, реагираат од СДСМ на одговорот од Андоновски.

„СДСМ ги објави и двата договори од добиените тендери, потпишани лично од Андоновски. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари и вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари. Наместо да се извини и да поднесе оставка, тој дрско се обиде да ја брани Клинчарова а всушност ја дозакопа. Андоновски вели дека Државната секретарка, во случајот сопругата на тој што го добил тендерот, била само ангажиарана во административно – буџетско работење на министерството. А Државниот секретар во секое министерство па и во неговото раководи со целата администрација.  Што значи дека Клинчарова е шефица на сите кои учествувале во водењето на постапката за оваа и на било која друга јавна набавка. Понатаму, изјавата на Андновски дека не може да знае со кого е потпишан Договорот паѓа во вода затоа што на договорот е неговиот потпис и потписот на сопругот на Клинчарова, Мартин Клинчаров. Или Клинчаров не му се видело познато презиме на Андоновски? Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција што е одлика на ВМРО-ДПМНЕ! Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе се шират, а институциите мора итно да реагираат“, велат од СДСМ.

Бараат „Јавно обвинителство и ДКСК веднаш да постапат по овој случај, Андоновски без одлагање да поднесе оставка и целосно расчистување на коруптивните шеми во Министерството“.

„СДСМ нема да дозволи оваа афера да помине неказнето! Ќе бараме одговорност сè додека правдата не биде задоволена. Ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е удар врз довербата на граѓаните и државните институции!“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Андоновски претходно во одговор на обвинувањата од СДСМ рече дека станува збор за набавка на конференциска и презентациска опрема на која, за жал, вели, пријавена била само една компанија, и покрај широките и објективни критериуми кои биле утврдени во истата, која била избрана затоа што ги исполнила бараните услови и критериуми, а за постапката никој не вложил никаква жалба. При тоа била постигната цена пониска од планираната, и направени се заштеди во буџетот.

На новинарско прашање министерот Андоновски изјави дека до потписот на јавната набавка не знаел дека постои ваква фирма, но заради презимето истражил и, вели, „бев ставен во една ситуација да доколку ја поништам постпаката, го ставам и Министерството на трошок да се спроведуват судски постапки коишто биле пракса во минатото и да плаќаме пенали, затоа што фирмата ги исполнува сите законски услови и нема ниту една законска пречка зошто таква фирма не треба да учествува на јавна набавка“.

-Уставно право е на секој граѓанин да учествува во правниот промет и доколку нема таков тип на пречки, да речеме некој бил член на комисија итн. ние сите потпишуваме изјави за судир на интереси. И во овој случај ниту еден дел од мојата изјава за судир на интереси и од изјавата за судир на интереси на вработените коишто учестувале во постапката не е прекршен, наведе Андоновски.

Tags: Андоновски
Next Post
Фото: X

Маск и Рубио му се нафрлија на полскиот министер Сикорски за користењето на Старлинк во Украина

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk