ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите

March 10, 2025 16:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно зголемување на платите и предупреди дека ССМ нема да биде виновен за протестите доколку не се постигне договор, рече Трендафилов додавајќи дека протестите би се одржале на 2 и 7 април пред Владата.

Потсети дека Владата ги повлекла членовите од Комисијата за утврдување на репрезентативност со цел, како што рече, да имаат изговор да кажат дека платите не треба да се зголемат.

Трендафилов најави дека во наредниот период, седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на ССМ ќе се одржуваат на отворено.

– Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на органите и телата ќе се одржат на отворено и пред работодавачите и пред Владата како досега што го правевме тоа на претходната влада, имајќи предвид дека во 2022 година токму на таков начин обезбедивме 2.806 денари, рече Трендафилов.

ССМ, како што нагласи, ќе побара поддршка од братските синдикати, од Европската и од Меѓународната конфедерација на синдикати.

Tags: ВладаплатипротестиССМ
Next Post

Додик: Во РС и Србија се спроведува револуција, со цел да се дестабилизираат институциите

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk