Рејтингот на Трамп продолжува да паѓа, и покрај некои позитивни коментари за неговиот говор во Конгресот минатата недела.
Последната анкета на Дејли Мејл за рејтингот на Трамп покажа намалување за 5% во споредба со претходната анкета и неговиот рејтинг сега е под 50%.
Уште попоразително е што падот е најистакнат меѓу младите. Кај гласачите од 18 до 29 години, рејтингот на Трамп сега е намален за 18%.
Анкетата покажа дека Американците се најзагрижени за економијата. Во споредба со анкетата од пред инаугурацијата на Трамп, дури за 9% е зголемена стапката на оние коишто сметаат дека економијата се влошува.
Гласачите кои негативно гледаат на Трамп најмногу се пожалиле на судирот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, отпуштањето на федералните работници и економскиот страв поврзан со неговата одлука да ги израмни царините против Канада и Мексико. Испитаниците во анкетата ги идентификуваа тарифите како најголема грешка на Трамп од преземањето на функцијата.
А. Лукароски