Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин оваа недела, но додаде дека „за танго се потребни двајца“.
Ова следува откако Украина вчера го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, по разговорите меѓу двете земји во Саудиска Арабија.
Трамп додаде дека се надева оти Русија ќе го прифати планот за прекин на огнот кој беше изготвен од американски и украински официјални претставници.
– Само што го договоривме ова пред малку. Се надевам дека и претседателот Путин ќе се согласи, за конечно да го ставиме овој процес во движење, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
– Ако успееме да ја убедиме Русија, тоа ќе биде одлично. Ако не, ќе продолжиме и многу луѓе ќе загинат, предупреди тој.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека не исклучува можност за контакти со претставници на САД во наредните денови.
Трамп, исто така, потврди дека ќе го покани украинскиот претседател Володомир Зеленски во Белата куќа.
.Двајцата лидери имаа остар судир за време на состанокот во Овалната соба минатиот месец, но Трамп потврди дека ќе го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно во Белата куќа.
„Мислам дека сега ќе има голема разлика од последната посета во Овалната соба“, додаде Трамп.
Поврзано:
Украина прифати понудата за 30-дневен прекин на огнот, Зеленски – сега САД треба да ја убедат Русија