Група од околу стотина непознати лица се собрала пред влезот на дворот на редакцијата N1. Не се знае зошто се собрале и не дозволуваат никој да влезе ниту да излезе, известуваат од Н1.
Како што велат од Н1, тие носат транспаренти на кои пишува „Каде ви е шефот“ и извикуваат „Нема да се откажеме од Србија“.
Пд друга страни граѓани излегоа да ги поддржат вработените во телевизијата.
По 20-тина минути пристигнале полицајци со штитови.
Српската Н1 од самиот почеток непрекинато известува од протестите на студентите.
Вчера новинар од Н1 раскринка како изгледа регрутирањето на контрапротестантите за кампот во Белград.
По многубројните тврдења дека во паркот Пионер во Белград не се носат само студенти, туку и статисти, екипата на телевизијата Н1 успеа да стапи во контакт со оние кои ги организираат статистите, се наведува во видео најавата на Н1.
„Нашиот Младен Саватовиќ провери како изгледа регрутирањето, колкава е дневницата и што треба да се направи.“, истакнуваат од Н1
По многубројните тврдења дека во паркот Пионер во Белград не се носат само студенти, туку и статисти, екипата на телевизијата Н1 успеа да стапи во контакт со оние кои ги организираат статистите, се наведува во видео најавата на Н1.
Потоа репортерот на Н1, се сретна со жената која, меѓу другото, организира статисти.
Ј. Ѓ.