ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) Србија на нозе за утрешниот голем протест: Во Белград пристигнуваат студенти од сите страни

March 14, 2025 20:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите кои дојдоа од повеќе градови во Србија да протестираат во Белград на 15 март се блиску до својата цел. Вечерва ќе им биде приреден дочек во центарот на градот. Студентите во блокадата на својата страница на Инстаграм објавија дека утрешниот протест во Белград ќе започне во 16 часот пред Собранието на Србија, пренесува Н1.

Локацијата на вечерашниот дочек ќе биде Теразија со почеток во 19 часот. Првиот пречек на велосипедистите е планиран да започне во 19 часот и 30 минути, а последниот групно пречек на пешаците е планиран во периодот од 21:45 до 22:45 часот.

Студентите од сите делови на Србија – вклучувајќи ги Крагуевац, Ниш, Трстеник, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Љиг – доаѓаат во Белград пеш или со велосипеди.

Поставените транспаренти се со пораки: „Пумпа“, „Економски тигар“, и истакнати српски знамиња и транспаренти на факултетите.

На студентите им се придружија бројни граѓани и група која за срpски ФоНет изјави дека се „воени ветерани на Србија“.

Ветераните најавуваат дека утре ќе дојдат во уште поголем број.

Блокирани за сообраќај се централните белградски улици околу Теразије и од Теразије до Славија.

Паралелно со студентскиот марш, околу Паркот Пионер, каде што „кампуваат“ таканаречените „студенти кои студираат“ беа паркирани и трактори.

Десетици полицајци со полна опрема за разбивање демонстрации од доцна попладенво се распоредени пред и во Пионирски парк во Белград каде се под шатори како што ги нарекуваат медиумите – „студенти кои сакаат да учат“ јави МИА од Белград. Околу просторот каде се тие се паркирани десетици трактори.
Метална ограда има исто така околу паркот, а поставена е и спроти него, пред српскиот Парламент.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите.

Вучиќ нагласи дека протестот не е пријавен кај надлежните институции и дека државата ќе помогне во неговото обезбедување, но предупреди дека секој што ќе се обиде да го наруши јавниот ред и мир ќе биде уапсен.

– Секој што ќе нападне демонстранти ќе биде уапсен, а истото ќе важи и за учесниците на протестот кои ќе нападнат други граѓани или институции, рече Вучиќ.

Тој ги повика безбедносните служби да не применуваат сила без неопходност и додаде дека сите лица кои, како што рече, „планирале насилно влегување во институции“, ќе бидат уапсени.

Новинарска екипа на сплитскиот весник „Слободна Далмација“ денеска не беше пуштена во Србија, под образложение дека претставува безбедносен ризик, објави весникот на својот портал.

Екипата патувала за Белград за да известува од големиот студентски протест што е најавен за утре, пренесува Бета.

Според „Слободна Далмација“, српската полиција ги застанала на граница, ги издвојила настрана и им ги зела документите. Откако утврдила дека се новинари, им било врачено решение за забрана на влез во земјата.

Весникот, повикувајќи се на неофицијални информации, наведува дека и други новинарски екипи од Хрватска добиле забрана за влез во Србија, со цел да не известуваат за протестот.

Српската полиција во петокот му забрани влез во земјава и на словенечкиот новинар Марко Грегорац од ПОП ТВ, објави неговата колешка новинарка Жига Бонча на социјалната мрежа Х.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: протестиСрбијастуденти

НАЈНОВО

„Марш на ангелите“ во Кочани: Родителите со свирежи и извици пред полициската станица и судот незадоволни од текот на постапката

June 28, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

June 28, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk