Сите патишта водат до српското Собрание во Белград. Река од луѓе од сите страни се слеваше низ улиците на српскиот главен град. Српските медиуми јавуваат дека се работи за посетеност од стотина илјади граѓани. Велат дека ова е најголемиот собир на граѓани што некогаш се одржал во Србија.
Студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме сепак одлучиле – протестот да биде пред Собранието, но дека бината ќе биде поставена и кај Славија.
Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.
На Твитер е објавена снимка од дрон од луѓе кои се собираат во Нов Белград, од каде се упатуваат кон Собранието на Србија.
Traktori poljoprivrednika prošli su kraj „traktora 2.0“.
U blogu na portalu „Vremena“ čitajte o najnovijim informacijama iz Beograda: https://t.co/yRdmUil0UN pic.twitter.com/ttB33gUmpQ
— Vreme (@NedeljnikVreme) March 15, 2025
Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.
Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации.
Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени контрапротестантирте „студенти 2.0“. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера.
Власта се обидуваше со инциденти да ги спречи луѓето да присуствуваат на протестот
Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот.
Српското Министерство за внатрешни работи утрово нареди целосен прекин на јавниот превоз во Белград, потврди за Н1 Иван Банковиќ од синдикатот ГСП Центар.
Тој нагласи дека ГСП не ги повлекува возилата по своја волја, туку по налог на српското МВР, но прецизираше дека и покрај се, работниците во градскиот транспорт и денеска ќе останат на своите работни места, иако возилата не работат.
На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.
Повозрасен маж е приведен пред српското Собрание во Белград во пресрет на протестот што се одржува денеска.
Како што пренесува Нова.рс, мажот им пришол на редарите и им се заканил со бомби, по што бил приведен.