Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ порачаа дека „ја споделуваат тагата со пријателите во Северна Македонија“ по пожарот во дискотека во кој загинаа најмалку 51 лице, пренесе Анадолија.
– Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас и со сите оние кои жалат за оваа непоправлива загуба, рече Беќировиќ во телеграма со сочувство до претседателката на Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.
Комшиќ им посака „сила на сите во овие тешки моменти“, а на повредените брзо и успешно закрепнување.