ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

March 17, 2025 22:14
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ

Кусо по 22 часот авионот на грчкото воздухопловство со тројцата повредени во пожарот во Кочани, полета од скопскиот аеродром кон Атина каде што повредените ќе бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката амбасада во Скопје на Фејсбук објавија фотографии од аеродромот, објаснувајќи дека со Ц-130 авион на грчкото воздухопловство се врши лет за медицинска евакуација со тројца пациенти на интензивна нега „кои ќе добијат специјален третман во воената болница 401 во Атина“.

– Нашите мисли и молитви се со нив. Солидарност со Северна Македонија, напишаа од грчката амбасада.

Авионот вечерва полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ги презеде повредените веднаш се враќа во Атина.

Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица.

Како што претходно објави МИА, уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград, четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, осум во Универзитетскиот клинички центар, по двајца повредени заминуваат на лекување во Виена и Загреб, а тројца во Атина.

Tags: Грцијатрагедија Кочани
Next Post

Врнежи од снег, забранет за камиони патот Маврово-Дебар и Стража

НАЈНОВО

„Лидл“ започнува со изградба на втор објект во Скопје

September 3, 2025
Фото: Фејсбук Мицкоски

Општина Аеродром ги налути жителите: Паркингот се чисти кампањски, само за премиерот и министрите

September 3, 2025

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидеќи бил дискриминиран оти нема одговор за безбедносен сертификат

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Владината политика ја прави Македонија жртва на застојот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk