ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бленди Ходаи: Министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите

March 17, 2025 17:40
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ

Студентот на Филозовскиот факултет и граѓански активист Бленди Ходаи, во објава на Фејсбук, реагира на обраќањето кон студентите на министрката за образование Весна Јаневска на платото пред УКИМ, каде денеска се одржува организиран заеднички час на студентите за искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.

„Благодарам на добрата волја, но за да им оддадете почит на жртвите, министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите, таму, меѓу илјадници студенти. Барем ќе нѐ поштедевте од празни флоскули и говори, од обиди да го контаминирате гневот на младите со рецитирање поема од Ацо Шопов“, пишува Ходаи.

Ходаи вели дека зборови на студентите не им се потребни, туку дека бараат одговорност и правда.

„Нам зборови не ни се потребни, бидејќи за ова зборови нема. Бараме одговорност. Бараме вистинска правда. Бараме држава што не е импровизирана, држава што не гори, не се руши и не убива. Ќе ни помогнете со тоа што ќе признаете дека раководите со распаднат систем – систем што не штити, туку уништува – трагедиите ќе се повторуваат, жртвите ќе се множат. Додека не видиме конкретни дејства не само во контекст на оваа трагедија, правдата ќе остане само збор во вашите празни говори“, нагласува Ходаи.

Студентите ја иссвиркаа министерката за образование Весна Јаневска која денеска држеше говор пред платото и цитираше песна.

„Вашата енергија е искажана преку зборовите на нашиот голем поет и ќе искажам сега како јас ја почувствував вашата присутност во седумте минути: Ако имаш нешто неискажано, нешто што те притиска и пече, закопај го во најдлабока тишина, тишината сама ќе го рече. Јас во овој момент го почувствував вашиот врисок и вашето сочувство“, рече покрај другото Јаневска во обраќањето од платото на УКИМ.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2025/03/anevska-plato-ukim.mp4

Реакции имаше и од писателката проф. Румена Бужаровска, која присуствувала на собирот. Таа вели Гласот на студентите не се слушна.

„По редицата нови празни флоскули, како да е на школска приредба, ни изрецитира песна од Ацо Шопов, онаа дека ако носиме нешто неизречено што нѐ притиска и пече, го закопуваме во длабока тишина и тишината треба сама да го рече. Сакаше да го поврзе со седумте минути молк, изгледа, но всушност, со неодговорното рецитирање на поезијата, на студентите им порача дека треба да молчат, дека треба болката и гневот да ги закопаат во тишина“, напиша Бужаровска.

За утре во Скопје е закажан јавен собир

„Кој е следен?“, здружението граѓани кои го организираа протестот за Фросина Кулакова, повикуваат на јавен собир утре на плоштад Македонија со почеток од 18 часот.

Тие повикуваат не само во Скопје туку да се излезе на плоштадите во сите градови во Македонија.

„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на друг утеха, ако воопшто и можеме. ,,Кој е следен?” повикува на заедништво во ужасов. Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18:00 часот да се соберат на плоштадите од своите градови и да не поминуваат низ ова сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени. Тек допрва ќе доаѓаат црните денови за нас, а низ Македонија заедно ќе се тагува и плаче. Така, ќе треба и Македонија заедно да се лечи, напишале во својата објава на социјалните мрежи.

Ј. Ѓорѓиоски

Прочитајте и…

Бужаровска за собирот пред УКИМ: Гласот на студентите не се слушна

Tags: Бленди ХодаиБужаровскаВесна ЈаневскаКој е следен?студентитрагедија Кочани
Next Post

Митева: Владата ќе обезбеди превоз и сместување на семејствата на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во други земји

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk