ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нов случај на трговија со луѓе во БиХ, шест деца без родителска грижа пронајдени во Сански Мост

March 17, 2025 14:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Две лица се уапсени во Сански Мост, град во северозападна Босна, под сомнение за трговија со луѓе, а нивното апсење уследи по откривањето на четири деца без родителска грижа во куќа, потврди денеска Обвинителството на Унско-Санската жупанија.

Децата, на возраст од една до шест години, биле пронајдени вчера, а медиумите објавија дека две од нив имале хрватски пасоши.

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска не ги потврди шпекулациите за идентитетот и националноста на пронајдените деца, но изјави дека најверојатно сите се од ромска националност.

Веднаш по пронаоѓањето децата биле згрижени од локалниот Центар за социјална работа, а по лекарски преглед децата се сместени на безбедна локација.

„Обвинителот донесе наредба за приведување на две лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе. По кривичната постапка истите ќе бидат предадени на обвинителот кој ќе одлучи за натамошната постапка“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Порталот „Дневни аваз“ наведува дека се уапсени Белсада Билиќ, сопственичка на куќата во која се пронајдени децата, како и нејзиниот син Енвер Билиќ.

Во февруари, сличен случај беше откриен и во Брчко, каде во една куќа престојуваа повеќе од 30 деца, исто така без родителска грижа, а шест од нив поседуваа лични документи.

Тогаш полицијата приведе осум лица осомничени за трговија со луѓе, а истрагата за случајот се уште е во тек.

Tags: БиХдецаТрговија
Next Post

Десничарите фаворити пред првиот круг од претседателските избори во Романија, но шанси за победа има независниот центристичкиот градоначалник на Букурешт

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk