ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Кому му пречи Студентарија, кој се плаши од кревање на гласот на студентите?

Најголемата студентска заедница во Македонија – Студентарија, од денеска е под напад на про-владини ботови и апологети

March 18, 2025 13:38
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Скриншот од Инстаграм

Фотомонтажа: Скриншот од Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Најголемата студентска заедница во Македонија – Студентарија, од денеска е под напад на про-владини ботови и апологети, објави студентарија.мк на својот канал за комуникација на Инстаграм.

Додека младите тагуваат, додека целата држава е во шок поради смртта на најмалку 60 згаснати млади животи во трагедија каква што не паметиме, некои, во страв од ескалација на револтот, избраа да ја покажат најдолната бесчувствителност во обид да си ги спасат фотелјите.

Наместо признавање на вина и одговорност, од вечерва сме сведоци на лаги, напади и валкани игри против Студентарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Студентарија (@studentarijamk)

Денес, како и секогаш, Студентарија беше таму каде што треба – на страната на студентите. Го следевме и го пренесовме студентскиот собир и протест, бидејќи нашата мисија е јасна: да информираме, да го пренесеме гласот на младите и да бидеме платформа што се бори за студентските права и подобар живот.

Денес на платото на УКИМ се случи инцидент кој Студентарија одлучи да го пренесе и објави, што очигледно не им одговара на владејачките елити.

За време на говорот на министерката за образование и наука Весна Јаневска, повеќе студенти побараа лекарска помош откако на нивни колеги им се слошило. Министерката продолжи да говори, по што огромната маса студенти почна со свиркање и барање тишина за да им се помогне на оние со влошена здравствена состојба.

Меѓу извиците и свирежите се слушнаа повици собирот да не се политизира (поради присуството на Јаневска), а дел од студентите извикуваа и ,,Оставка”.

Студентарија го документираше настанот и беше првиот медиум кој објави за инцидентот, затоа што сметаме дека јавноста и младите имаат право да знаат што се случуваше.

Двете видеа од денешниот протест објавени на нашиот профил, заедно бројат над 1,2 милиони прегледи. На видеата се гледа огромна маса од најмалку 3.000 изреволтирани млади луѓе.

По објавата на видеата и нивната виралност, а поради стравот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го има од младите со оглед на ситуацијата во Србија (стравот истото да не се прелее и во Македонија), про-владини и про-вмровски ботови одлучија да го насочат ударот кон Студентарија.

Во страв од засилување на протестите кои започнаа денеска, а се најавени и за наредниов период, про-владините ботови се обидуваат да го минимизираат револтот и подготвеноста на младите да се изборат за најважното – правдата.

Од вечерва, бројни профили и страници организирано шират лаги дека организатор на протестите кои се закажани за утре во повеќе градови низ земјата, е Гоше Николов, основач на Студентарија.

Меѓу лажните објави, се бара притвор(?) за основачот на Студентарија, а се повикува и на насилство кон него.

Фото: Скриншот

Идејата зад ваквите лаги кои ги споделуваат десетици сомнителни страници на социјалните мрежи ,,X” и ,,Фејсбук” (голем број од нив го носат името на ВМРО-ДПМНЕ) веројатно е да се претстави лажна слика дека Студентарија има некакви задни намери и е поврзана со одредени политички партии.

Најостро демантираме каква била поврзаност со организацијата на утрешните протести низ земјава. Ниту Студентарија, ниту нејзиниот основач Гоше Николов се дел од иницијативи кои наводно подготвуваат протести периодов.

Она што ја плаши власта е што Студентарија, која е еден од најпопуларните и највлијателни канали меѓу македонската младина, активно ги споделува повиците за граѓански протести изминатиов период (против загадениот воздух, по смртта на Фросина, а сега и трагедијата во Кочани).

Студентарија постои повеќе од 7 години и оние кои се со нас од самите почетоци знаат:

Студентарија не е партиска алатка, ниту е нечиј послужник. Не била, ниту некогаш ќе биде. Студентарија е гласот на младите и нема да запреме,особено не кога насилно се обидувате да нè замолчите!

За да бесчовечноста на про-владините ботови биде поголема, Гоше Николов е од Кочани и во вчерашниот пожар, како и сите други, загуби многу пријатели и познаници.

Среде оваа трагедија, партиските апологети, наместо да покажат трошка човечност, избраа да водат хајка, да манипулираат и да лажат. Нехумано. Нечовечно. Срамно.

Пораката е следна: Колку и да се обидувате да го задушите гласот на младите, само го правите погласен. Не се плашиме. Не забораваме. Не замолчуваме. Колку повеќе нè напаѓате – толку погласни ќе станеме, се вели во објавата на Студентарија, најголемата студентска заедница

Д. Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: заканипровладини ботовистудентитрагедија во Кочани

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk