ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Гутереш: ЕУ е основниот столб на мултилатералниот одговор на глобалните предизвици

March 20, 2025 15:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија е централниот стратешки партнер на Обединетите Нации и ние сме крајно благодарни за нејзината финансиска и политичка поддршката, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

– Веруваме дека ЕУ е основниот столб на мултилатералниот одговор на предизвиците со кои се соочувавме во врска со мирот, безбедноста, климата, одржливиот развој и човековите права, истакна Гутереш, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Гутереш е поканет да учествува на денешниот работен ручек на Самитот на ЕУ, на кој со европските лидери разговара за мултилатерализмот и други глобални прашања, како и за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот.

Како шѕо јави дописникот на МИА од Брисел, Гутереш истакна дека ОН изразуваат сериозна загриженост поради случувањата во Украина и во Појасот Газа и од последиците од климатските промени.

– Очигледно секој мир е добредојден, бидејќи зачувува животи, но клучно е прекинот на огнот да го трасира патот кон праведен мир во Украина. А преведен мир во Украина е мир што ги почитува Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност (на ОН) за територијалниот интегритет на Украина, додаде Гутереш.

Генералниот секретар на ОН истакна и дека е шокиран од обновеното насилство во Газа во услови кога палестинскиот народ веќе страда премногу и затоа го повторува апелот за почитување на прекинот на огнот, за овозможување на доставата на хуманитарна помош во сите делови на Појасот и за итно ослободување на сите заложници.

– Од клучна важност е да ја задржиме вратата отворена за единствениот пат за мир на Блискот Исток, кој е да имаме палестинска држава што ќе постои рамо до рамо со израелската држава, додаде Гутереш.

Тој потсети дека Светската метеоролошка организација вчера објави нов извештај ја „разурнувачките последици на климатските промени“, но дека не треба да се откажеме затоа што целта за ограничување на растот на глобалното затоплување за 1,5 степени е се уште остварлива.

Но, за тоа, според Гутереш, потребни се двојни напори за намалување на емисиите на штетни гасови, за декарбонизацијата и за замена на фосилните горива со обновливи енергија.

Гутереш и се заблагодари на Европската Унија за сета поддршка што им ја укажува на Обединетите нации, потенцирајќи дека ОН и ЕУ ќе продолжат заедно да работат за подобра меѓународна заедница и побезбедна планета.

На прашање за негов коментар за повлекување на САД од некои тела на ОН и дали со тоа се нарушува глобалниот мултилатерален поредок, Гутереш одговори дека мултилатерализмот е се уште жив и тој ја игра својата улога, за што доказ е и тоа што тој денеска е во Брисел со Европската Унија.

Претседателот на Европскиот совет, Кошта, од своја страна, порача дека во овој мултиполарен свет поважно од кога и да е досега е зајакнувањето на мултилатералниот систем и пред се на позицијата на ОН.

– Се соочуваме со многу глобални предизвици и за тоа е многу важно да се залагаме за мир во Украина, во Газа, во Судан и насекаде во светот, да се бориме против нееднаквоста, да ги имплементираме Пактот за иднината и реформата на меѓународната финансиска инфраструктура и да ја насочиме нашата работа кон контрола на климатските промени и заштитата на нашите океани и нашиот биодиверзитет, рече Кошта.

Тој додаде дека ЕУ изразува целосна поддршка на личните напори на Гутереш за зајакнување на ОН и на самите Обединете Нации и е посветена на исполнување на сите свои обврски во рамките на Светската организација.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГутерешЕУКошта

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Карни го изрази својот став за новите царини на Трамп против земјата

July 11, 2025

Политико: Брисел подготвува нови буџетски санкции за земји што ги кршат демократските стандарди

July 11, 2025

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk