ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ФСС на Правен факултет бара извинување од студентските претставници на Филозофскиот факултет кои најавија пленумскo самоорганизирање на студентите

March 21, 2025 10:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Факултетското студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, бара јавно извинување од страна на членовите на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот факултет.

Ова следува откако Независното Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, велат тие.  Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски, стои во нивното соопштение. Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. „Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ. Студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите“, велат од Независното Студентско Собрание и истакнуваат – „Ова се наши универзитети!“.

Соопштението потпишано од Факултетско студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“, го пренесуваме во целост

„Наши колеги, но пред се’ пријатели и сограѓани кои длабоко ја чувствуваме болката која ни ја всади трагедијата во Кочани. Сите сме изреволтирани, вознемирени и растревожени од континуираното потфрлање на системот и институциите. Како студенти на Правен, како никогаш досега се соочуваме со тоа дека правдата е само концепт и дека ништо нема да ни ги врати тие прекрасни, млади и надежни животи.

Изразуваме големо жалење и негодување што нашите колеги – студентски претставници на Филозофскиот факултет, кои видено не ги познаваат своите надлежности, ниту одговорности (а се бирани од своите студенти), ја узурпираа ситуацијата да изманипулираат искрени и чесни студентски грла во трагедијата која не’ снајде.

Согласно нормативните акти, студентско собрание на одреден факултет (пр. Правен, Филозофски), може да именува само двајца делегати во редовите на УСС согласно чл. 36 ст. 3 од ЗВО. Понатаму, ЗВО остава простор истите делегати да се променат или отповикаат од страна на факултетското собрание кое ги избрало.

Дополнително, единствен механизам за изразување револт во случај на несогласување на ФСС со работата на УСС е отповикување на избраните претставници и да не именува нови.

Уште повеќе, ФСС на Филозофскиот факултет, се’ уште ги нема отповикано делегатите кои се претходно избрани (иако веќе ги преплавија медиумите за мало внимание „како изгласале недоверба“), туку напротив, истите делегати активно учествуваа на последната седница на УСС.

Бараме јавно извинување од страна на членовите на студентското собрание на Филозофскиот факултет, не кон ФСС-ПФ, Правен, УСС, УКИМ – туку кон сите нас, студентите, бидејќи го злоупотребуваат просторот со ширење лажни информации, кои за жал, се базираат на нивна правна лаичност.

Една од причините зад таа лаичност е токму и партиската припадност на дел од членовите на тоа собрание, кои впрочем први ја споделија таа вест – не само по студентските канали на комуникација, туку и медиумите.

Неправото не продуцира право. Партизираните деца не најавуваат непартизираност. Неинформираноста не поттикнува просперитет и здраворазумно дејствување во едно општество. Трагедијата НЕ Е политички капитал.

Во моменти кога болката не’ разорува, а неправдата не’ гуши, единственото и рационалното размислување се потребни повеќе од било кога. Тагата ни е заедничка. Гневот ни гори во градите. Но, не смееме да дозволиме да не’ поделат токму сега, кога најмногу ни треба сплотеност. Ова не е време за лични агенди и индивидуално профитирање – ова е време за борба, за студентска солидарност и заеднички отпор против корупцијата и нефункционалниот систем. Животот е едноставен и нагло се менува. Видовме…“ се наведува во соопштението од Факултетското студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: пленумстудентиУКИМФСС

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk