ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лидерите на ЕУ се согласија за мобилизирање на 800 милијарди евра за одбраната во следните четири години

March 21, 2025 08:51
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Војник, ЕУ. Фото: илустрација ВИ

Војник, ЕУ. Фото: илустрација ВИ

Шефовите на држави или влади на членките на Европската Унија на Самитот на ЕУ во Брисел се согласија на „драматично зголемување“ на трошоците за одбраната во следните четири години со цел да ја зајакнат подготвеноста и одбранбените капацитети на Европа, соопштија дипломатски извори.

– Европската Унија планира драматично зголемување на трошоците за одбрана, мобилизирајќи 800 милијарди евра во следните четири години, вклучително и 150 милијарди евра заеми за проекти за оружје и олеснување од фискалните правила за долг на ЕУ со цел инвестирање во одбраната, посочија истите извори.

Тие информираа дека лидерите на ЕУ се согласиле да ги преземат сите неопходни чекори за зајакнување на одбранбената подготвеност на Европа до 2030 година, како и за зајакнување воената поддршка за Украина во услови кога продолжува да се спротивставува на руската инвазија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, мобилизирањето на 800 милијарди евра за одбраната е дека од Планот „Ревооружување на Европа“, што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го промовираше на 4 овој месец.

Со Планот се предвидува создавање на Фонд за инвестиции во одбраната, вклучително и за воена помош за Украина.

– Европа е подготвена да ја преземе својата одговорност. Планот „Ревооружување на Европа“ може да мобилизира близу 800 милијарди евра за безбедна и прилагодлива Европа. Ќе продолжиме тесно да работиме со нашите партнери во НАТО. Ова е момент за Европа. И ние сме подготвени да се засилиме, порача Фон дер Лајен.

Со планот се предлага и создавање на нов Инструмент, преку кој ќе се обезбедат 150 милијарди евра заеми на земјите членки наменети за заеднички инвестиции во одбраната, како за противвоздушна и противракетна одбрана, артилериски системи, проектили, муниција, беспилотни летала и системи за справување со дронови, но и за мерки за кибер одбрана или поголема воена мобилност.

Планот предвидува и можност за користење на средства од буџетот на ЕУ на краток рок наменети за инвестиции поврзани со одбраната, како отстапување од фискалните правила утврдени со Пактот за стабилност и раст на ЕУ, со што на земјите членки би им се овозможило значително зголемување на трошоците за одбрана, без активирање на постапка поради прекумерен дефицит.

Во меѓу време, финскиот премиер Петери Орпо во име на Европската народна партија (ЕПП) порача дека земјите членки на ЕУ што е можно поскоро треба да ја постигнат целта на НАТО за издвојување на одбранбените трошоци на ниво од два отсто од националниот БДП, при што обврзници ќе се користат само „доколку биде потребно“.

Според ставот на ЕПП, за развој на „кредибилна и помалку зависна европска одбранбена индустрија, потребни се дополнителни финансиски алатки“.

– Со оглед на егзистенцијалната природа на европските одбранбени предизвици, ова може да се постигне, на пример, преку заеднички должнички инструменти, доколку е потребно, се додека тие се јасно фокусирани на зајакнување на европската одбрана, особено во областите каде заканата е моментално најакутна, се вели во документот, кој е доставен на денешниот Самит во рамки на расправата посветена на европската одбрана.

Холандскиот премиер Дик Схоуф при доаѓањето на Самитот изјави дека Холандија е конструктивна и ги поддржува предлозите на Европската комисија за зголемување на трошоците за одбраната на Европа, но дека инсистира на обезбедување „одржлив долг“ и се противи на користење на инструментот за издавање еврообврзници.

Покрај Холандија, и Германија се противи на емисијата на т.н. „одбранбените обврзници“ за обезбедување на средства за одбраната. 

Tags: БриселЕУСамит на ЕУ
Next Post

Калас: Расизмот продолжува да биде пречка за правдата, еднаквоста и целосната инклузивност во општествата низ ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk