ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Србија „Збор-на-граѓани“ по примерот на студентите: „Попаметниот не попушта, попаметниот се организира“

March 23, 2025 10:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Во Нова Пазова и во две белградски опшптини (Палилула и Нови Београд) денеска се очекува одржување на „збор-на-граѓани“ – како дел од чекорите на вониституционална политичка мрежа што се создава во Србија во изминатите неколку денови, јави дописникот на МИА од Белград.
Под слоганот „Попаметниот не попушта, попаметниот се организира“, студентите од Факултетот за организациски науки (ФОН) во блокада, пред неколку дена најавија одржување на првите граѓански собири што се реализираа во – Младеновац, Вршац, Лозница, Смедерево, Сремска Митровица, Аранѓеловац…

Тие дополнително, објавија „Прирачник за зборско организирање“ каде објаснија – што е директна демократија; што е граѓански збор; зошто се важни; што овозможува збор-на-граѓаните; како се врши притисок врз одговорните и други прашања.

Тоа се собири за јавна дискусија меѓу граѓаните за проблемите и нивните решенија, како одговор на недоволната реакција од надлежните градски власти.

На предлог на студентите-во-блокада до граѓаните низ Србија да свикаат збор-на-граѓани и со тоа да помогнат во борбата против неправедниот и корумпиран режим, се организираа многу градови. Таков вид собир не е исто што и протест, па студентите во блокада ги издвоија и објаснија тие два поима, во прирачникот – со образложение дека збор-на-граѓани е всушност она што станаа пленумите од почетокот на блокадите на факултетот.

„Сведоци сме дека граѓаните ја загубија довербата во градската власт која е одговорна да се грижи за градот и за проблемите на неговите жители, па решија сами да ги решат на овој начин“, објаснуваат тие.

Како изгледаа дел од тие собири досега:
Во Обреновац во четвртокот се одржа таков состанок на кој се разговараше за локални прашања со цел да се влијаат граѓаните во решавање на општинските теми.
Жителите на општина Стари Град во Белград во петокот се собраа на средба пред општината во пресрет на седницата на општинското собрание каде кренаа врева и носеа пораки со натписи: „Просветни работници, не сте сами“, „Пумпај“.

Тие имаа два предлога – да се издвојат средства од буџетот за наставниците кои останаа без плата, а вториот е да се иницира дискусија за случувањата во Пионирски парк во Белград.
Жителите на Врачар се собраа на првиот граѓански пленум во таа белградска општина кога беше договорено секој од присутните да има право да го изнесе свој предлог, а потоа ќе се гласа за да се одлучи дали тој ќе биде усвоен. Присутните изгласаа, меѓудругото, следниот собир да биде официјален збор-на-граѓаните и до надлежните да се постави пршањето што точно се случи на мирниот протест во Белград на 15 март.
Граѓаните на Горњи Милановац во петокот се собраа пред градското собрание и побараа оставка од градоначалникот Дејан Ковачевиќ, по што одржаа граѓански збор.

„Оставки се бараат поради престојот во Пионирски парк, а тоа немаше да биде проблем да не беа луѓе од јавната администрација, кои беа таму во работното време. Оставка од градоначалникот се бара затоа што мнозинството граѓани сметаат дека човекот не е достоен да ја извршува функцијата Неговиот дискурс во јавноста беше доволна причина и очекуваме луѓето да гласаат за него“, рече за српски медиуми локален активист Бојан Савковиќ.

Министерката Јелена Жариќ Ковачевиќ, пак, изјави дека таквиот облик на собири често се претвора во отворен терор врз институциите, создава насилство и омраза.

„Збор-на-граѓани не може да носи никакви одлуки, барем не обврзувачки“, изјави министерката.

Актерот Тихомир Станиќ во изјава за ТВ Н1 вели дека тие собири како и други акции „каде што навистина ќе следиме што прават овие добри деца ќе доведат до нормализација во општеството“.

Собирите, според социологот Далибор Петровиќ, ќе доведат до тоа граѓаните да бидат извадени од апстиненција и да се вратат во граѓанскиот живот од кој со години се избркани.

„Ова покажува дека граѓаните немаат доверба во институциите и дека разбираат дека тие се оние кои имаат моќ да ги обноват институциите и да го обноват општеството“, вели Петровиќ во изјава за тој медиум.
Сепак, за да се остварат нивните барања, треба да се достават до надлежните локални власти во чија работа се сомневаат учесниците во тие собири.
„Затоа ги гледам повеќе како еден вид симболична форма на граѓанска мобилизација“, вели Петровиќ.

Tags: протестиСрбија
Next Post
Фото: Укринформ

Три лица загинаа, меѓу кои едно петгодишно дете во руски напад со дронови на Кијив

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk