ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Кој е следен?“ ја објави рутата, распоредот и правилникот за однесување на денешниот протестен марш во Скопје

March 24, 2025 13:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Иницијативата „Кој е следен?“, ги објави рутата, временскиот распоред и правилникот за однесување на денешниот марш што е закажан да почне од плоштадот Македонија во Скопје.

Оттаму истакнуваат дека „Koj е следен?” е изрично против секаков вид на насилство и провокации и се оградува од било каков повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

„18:30 – 18:59 Собирање

18:59 – 19:02 Триминутен молк за загинатите, положување цвеќе и палење свеќа на плоштадот “Македонија”

19:20 Почеток на маршот упатување кон Собранието преку Триумфалната капија

19:30 Распоредување во Жена-парк спроти Собранието и Градската болница, 5-минутен аплауз за здравствените работници

19:45 Маршот продолжува кон Холидеј ин, поминува преку мостот Филип II и се движи по булеварот “Гоце Делчев” cè до Владата

20:15 Собир пред Владата

20:20 Шестнаесетминутен молк

20:36 Говори“, е наведено во објавата од Иницијативата.

Иницијативата „Кој е следен?“ објавија Правила и препораки за однесување на маршот:

1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;

2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;

3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;

4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на таквите обиди. Не се впуштајте во конфронтација;

5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехника и слични предмети; 6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.

Од Иницијативата потсетуваат на Член 21 од Уставот: Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.*

Оттаму истакнуваат дека маршот е уредно пријавен во надлежната полициска станица.

Иницијативата „Кој е следен“ објави список со барања за одговорност за трагедијата во Кочани. Го пренесуваме во целост.

Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа мораат сите виновни да сносат одговорност. Не смееме да бидеме повеќе сведоци на грозоморни настани, кои немаат правна разрешница, кои немаат последици за сторителите и кои не ветуваат дека во иднина тие нема да се повторат. Несреќите почнуваат да се множат, а нивните жртви стануваат се побројни. Како граѓанско движење, „Кој е следен?” гo бара следното:

Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отворање до несреќата од следните институции:

– Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија
– Државен градежен инспекторат
– Министерство за внатрешни работи
– Државен инспекторат за урбанизам
– Локална самоуправа во Кочани
– Локален градежен инспекторат
– Дирекција за заштита и спасување
– Управа за јави приходи

Дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”;

– Соодветна одговорност за сите поврзани со изгорената модуларна болница;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот Онкологија;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Дурмо Турс;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Беса Транс;
– Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не само за дерегулација и финансиска помош од државата

Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека вечер од 19 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје поради одржување протестен марш.

-Протестниот марш ќе почне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул. „11 Октомври“, потоа по ул. „Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Ј. Ѓ.

Tags: Кој е следен?Протестен марш
Next Post

Германија е „крајно вознемирена“ од извештаите за цивилни жртви во Појасот Газа

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk