ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица побара надлежните институции да спроведат сеопфатна и транспарентна истрага во трагедијата во Кочани, ќе предложат законски решенија

March 24, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката партија Левица денеска побара надлежните институции да спроведат сеопфатна, транспарентна и бескомпромисна истрага во трагедијата во Кочани.

-Ова е моментот кога државата мора да покаже дека постои. Институциите мора да делуваат брзо, ефикасно и без компромис. Ова не е време за калкулации, ниту за политички маневри, туку за дејствија на сите нивоа на власта – за да се создаде безбедноста и осигура одговорноста. Бараме од Владата, од Министерството за внатрешни работи, од обвинителството и од сите надлежни органи да спроведат сеопфатна, транспарентна и бескомпромисна истрага, бидејќи јавноста овој пат не останува нема за селективна правда. Не прифаќаме изговори. Секој што дозволил ова да се случи без разлика на функцијата, позицијата или влијанието мора да одговара, рече на денешната прес-конференција пратеникот на Левица Амар Мециновиќ и праша дали државата ќе се направи сè што е потребно или повторно ќе гледаме заташкување.

Мециновиќ најави дека во наредните денови ќе предложат четири клучни законски решенија.

-Корупцијата, небрежноста и институционалната неказнивост се директни виновници за смртта на толку голем број невини луѓе. Во наредните денови ќе предложиме четири клучни законски решенија: Измени во Кривичниот законик  за одредбите кои беа сменети минатата година а се однесуваат на кривичната одговорност поврзана со злоупотребата на службената положба, укинување на приватното обезбедување во објекти од висок ризик, државни објекти и поголеми собири и измени во Законот за инспекциски надзор, како и во Законот за градење, како и по барање на медиумски работници да се создаде законска материја која ќе ги обврзува медиумите да имаат фонд на материјал за емитување во денови на жалост по примерот на јавниот сервис. Ова мора да биде последната ваква трагедија. Ова не е прашање на политички разлики, туку на државна чест. Ова е тест за Македонија, истакна Мециновиќ.

Според Мециновиќ, во трагедијата во Кочани од досега изнесеното може да се видат низа системски и структурални пропусти во различни сфери како финансиски и административни нерегуларности, блокирана сметка на фирмата управител на дискотеката, минусно салдо на завршна сметка во 2023 година.

-Нејасно е како воопшто работела дискотеката со блокирана сметка, како плаќала набавки и трошоци, дали со готовина (што е незаконски) или преку трета фирма. Во декември 2023 година, УЈП утврдила дека не се издаваат фискални сметки, по што дискотеката била затворена, а сопственикот казнет“, истакна Мециновиќ.

Од нерегуларностите кои досега излегоа во јавност ги посочи и истечената и важечка лиценца истовремено, „што укажува на административен хаос или свесно заташкување“, непостапување на Пазарна инспекција на терен која последен пат била во контрола пред четири години, иако дискотеката редовно организирала масовни настани, како и тоа дека дискотеката не постои во регистарот на лиценци на Министерството за економија.

-Во 2012 година, сопственикот се обидел да го пренамени објектот од лесна индустрија во угостителски објект, но Пазарниот инспекторат и општинските власти тогаш биле изманипулирани дека дозволата е за „лесна индустрија“ со јавен паркинг. Тогашниот градоначалник Димитриевски не презел ништо откако дискотеката почнала да работи, истакна Мециновиќ.

Од страна на безбедносни пропусти, пратеникот на Левица нагласи дека вечерта кога се случи трагедијата имало 650 луѓе во дискотеката, иако капацитетот бил само 300, продадени биле 250 карти, а имало најмалку 31. Фирмата „Рубикон“, која требало да обезбедува безбедност, немала потпишан договор со дискотеката. Одговорност лоцираше и кај институциите и полицијата и тоа дека полицијата имала претходни пријави за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир во дискотеката, но службениците од Кочани и Штип дале позитивно мислење за работата на локалот при што посочи и дека постои сомнеж дека полицијата примала мито за да не постапува.

-Разрешените началници се вратени на претходните работни места, што укажува на круг на неказнивост – за што бараме од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесе оставка во рок од седум дена, во спротивно ние ќе поднесеме интерпелација во Собранието, рече Мециновиќ.

Next Post
Фото: Влада

Мицкоски: Ги разбирам граѓаните кои протестираат, но не ги оправдувам политичките глодари кои не сакаат силна влада од ВМРО

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk