ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: Сто и триест психолози се достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани

March 25, 2025 12:18
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Сто и триест психолози се на располагање за психолошка поддршка на учениците, студентите и на граѓаните во општините во Брегалничкиот регион, каде што има починати ученици и блиски во семејствата, како и повредени кои се наоѓаат на лекување, по големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Психолозите работат и на терен, но и ја нудат својата поддршка и преку телефонски повици. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и психолози од Комората на психолози денеска беа во посета на неколку училишта во Штип, меѓу кои и во средното медицинско училиште „Јане Сандански“, каде има загинато тројца ученици, а четворица се повредени.

Министерката Јаневска истакна дека психолозите се најмногу присутни на терен во Кочани но, како што рече, добро е што на почетокот имале 100, а сега се вкупно 130 психолози, кои се присутни меѓу учениците, студентите и децата во градинките во неколку општини во источниот регион.

-Денеска сме присутни во средното училиште „Јане Сандански“, каде што во едно одделение имаме три жртви, а во друго одделение имаме повеќе повредени, кои се надевам дека брзо ќе оздрават и ќе се вратат заедно со нивните другари да продолжат да учат и да го продолжат животот. Дополнително јас би сакала да им се заблагодарам за мотивот и иницијативата, која потикна од нив, но и мотивот да работат во вакви тешки услови за добробит на младите. Затоа што нема поважно од тоа секако и за наставниците и родителите, но и за младите, рече Јаневска.

Во коордиинација на повеќе институции, како што додаде, беспалтно се нудат психолошки терапии на сите на кои им е потребно.

-Институциите кои имаат надлежност и обврска да функционираат во вакви моменти кризни функционираат во координација, па така и МОН во координација со комората на психолози, Институтот за психологија, УНИЦЕФ и Црвениот Крст организира присуство на психолози во кризните подрачја. Се разбира дека тие се најмногу присутни во Кочани, но добро е што од минатата недела имавме 100, а сега имаме 130, па се присутни тука и во Штип, вели Јаневска.

Центар за советување на млади има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. Дополнително од претходната недела се прават проверки по училиштата, градинките, државните училишта дали има соодветни апарати за справување со катастрофи.

-На УГД исто така има отворено центар за советување на млади, всушност збирно место на психолози, каде тие се среќаваат, прават план и продолжуваат да работат низ градот, а секако и таму индивидуално да работат. МОН минатата недела испрати писмо до општините и до државните училишта да се направи дополнителна проверка на безбедносните системи, да се види дали има проценка на ризик од катастрофа, дали има план за справување со катастрофа и дали опремата која е потребна како ПП апарати, хидранти и слично ја има во училиштата, изјави Јаневска.

Согласно изјавите од ЗЕЛС изминатиот период се потврди дека најголем дел од училиштата ги имаат сите неопходни работи за справување со евентуална катастрофа. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk