ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

March 26, 2025 16:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Продолжуваат да излегуваат нови, загрижувачки детали за институционалните пропусти кои можеби довеле до најстрашната трагедија во поновата историја на Македонија, во која животот го загубија 59 млади луѓе. Објектот познат како дискотека „Пулс“ во Кочани, каде се случи трагедијата, работел нелегално – тоа веќе е документирано и потврдено. Тоа е дел од активната истрага која треба да даде одговори, но и да утврди одговорност кај институциите чии пропусти се сѐ поочигледни, истакна на прес-конференција, Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.

„Денес, отвораме нов и мошне сериозен аспект од оваа трагедија – улогата на Управата за јавни приходи. Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година. И тука се поставува суштинското прашање:  Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година? Според член 117 од Законот за стечај, ако фирма има блокирана сметка повеќе од 45 дена и не исплаќа плати и придонеси подолг период, УЈП има законска обврска да поднесе барање за отворање стечајна постапка и да предложи мерки за обезбедување на имотот. Ако блокадада била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требала да постапи, а клубот „Пулс“ требал да биде затворен. Но, клубот продолжил да работи. И 59 животи беа загубени“, рече Костовски.

Тој вели дека ова не се технички грешки.

„Ова се системски прашања. Затоа, денес, СДСМ поставува неколку директни, но неопходни прашања до истражителите, до МВР, до Јавното обвинителство:

Дали е точно дека Управата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска согласно член 117?

Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено?

Дали некој ја стопирал постапката? И ако да – зошто? Со каква цел?

Дали ова е уште еден случај на неажурност, или станува збор за заштита на нередовности и политички врски?

СДСМ не изнесува заклучоци. Но СДСМ бара одговори“, истакна Костовски.

„Трагедијата во Кочани не е последица на една грешка – туку на ланец од институционални пропусти. Секој пропуст мора да биде идентификуван. Секој виновник мора да биде повикан на одговорност. Државата мора да покаже дека законот важи за сите. И дека никој – ама баш никој – не смее да биде над него“, потенцира Костовски.

 

Tags: Костовскитрагедија КочаниУЈП
Next Post
Скриншот

Во Истанбул денеска уапсени 106 лица поради протестите против апсењето на Имамоглу

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk