ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иницијативата „Кој е следен?“ на 29-ти март пред Собрание

March 27, 2025 14:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Инстаграм/Кој е следен

Инстаграм/Кој е следен

Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Кој е следен?“ в сабота од 11 часот иницира настан пред македонското Собрание.

„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме“, се наведува во објавата на Инстаграм, на „Кој е следен?“.

Како што велат тие, собирот пред Собрание е поради тоа што имаат „барања што не може да чекаат и затоа што демократијата не оди на одмор“.

Инстаграм/Кој е следен

Оттаму истакнуваат дека настанот ќе биде поделен во 2 дела:

1. Презентирање на барањата, во првиот дел ,,Кој е следен?” ќе ги презентира своите барања во целост;
2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.

„Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик!“, наведуваат од Иницијативата „Кој е следен?“.

Предходно иницијативата „Кој е следен“ објави список со барања за одговорност за трагедијата во Кочани.

„Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отворање до несреќата од следните институции:

– Државен пазарен инспекторат
– Министерство за економија
– Државен градежен инспекторат
– Министерство за внатрешни работи
– Државен инспекторат за урбанизам
– Локална самоуправа во Кочани
– Локален градежен инспекторат
– Дирекција за заштита и спасување
– Управа за јави приходи

Дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”;

– Соодветна одговорност за сите поврзани со изгорената модуларна болница;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот Онкологија;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Дурмо Турс;
– Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Беса Транс;
– Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не само за дерегулација и финансиска помош од државата

Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран.“

Tags: Кој е следен?Собрание
Next Post

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk