ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Турската полиција употреби сила за да растури протест на универзитетот во Анкара

March 27, 2025 09:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Турската полиција употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите на Универзитетот во Анкара, јавија светските агенции.

Рано утрово студентите се собраа да прочитаат соопштение пред влезот на Техничкиот универзитет, јавија турските опозициски медиуми и локални извори. На нив реагирале безбедносните сили, кои употребиле солзавец, водени топови и гумени куршуми. Следувал судир, при што студентите се сокриле зад барикада од корпи за отпадоци, но полицијата на крајот ги привела.

Пратеникот на Републиканската народна партија (ЦХП) Мелих Мерич е виден сосема мокар од употреба на воден топ и погоден со солзавец.

– Моите пријатели студенти само сакаа да дадат изјава за медиумите, но полицијата не им дозволи, ова е резултатот, вели Мерич на снимка објавена на социјалните мрежи.

Властите се уште не соопштуваат колку лица се приведени.

Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на кој припаѓа и уапсениот градоначалник на Истанбул, Имамоглу, вети дека пратениците ќе бидат со демонстрантите за да се намалат тензиите.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја вчера изјави дека 1.418 лица биле приведени во текот на изминатата недела поради протестите.

Демонстрации ги зафатија големите градови, а стотици илјади луѓе учествуваа на протестите и митинзите на ЦХП пред градското собрание на Истанбул.

Минатонеделното апсење на Имамоглу, најголемиот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, предизвика најмасовни антивладини протести во Турција во изминатите десет години.

Tags: АнкараполицијапротестиТурцијауниверзитет
Next Post

Јокиќ по повредата се врати со трипл-дабл

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk