ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари вели ВЛЕН има комуникациски канали со ДУИ; БЕСА, ЛД и Алтернатива демантираат; Арбер Адеми вели комуникацијата секогаш постоела

April 1, 2025 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По интервјуто на 360 степени, на министерот за здравство и лидер на едното крило на  Алијанса за Албанците, Арбен  Таравари, дека освен со АА, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од ВЛЕН.

На оваа изјава, сите три партии од коалицијата ВЛЕН, речиси синхронизирано, излегоа со соопштија на социјалните мрежи во кои ги негираат наводите дека имаат комуникација со ДУИ.

„Сигнали има, секако дека има. Не дека има само со Алијанса, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од ВЛЕН. Тоа е неспорно и постојат такви информации, но тоа е небитно. Видете, друга опција, ако во ВЛЕН не се договориме, за нас е сами да одиме на избори.

На крајот на краиштата, ако дојдеме, излеземе со листа на советници, со кандидати за онаму каде што мислиме, ако одиме во втор круг, нормално дека би побарале поддршка – каде што ќе оди ДУИ, таму би побарала поддршка од ВЛЕН, каде што нема да оди ДУИ, би побарале поддршка од ДУИ. Меѓутоа, ќе видиме, сега засега оваа опција е втора опција… Сега ги пуштивме пратениците, тие се поусогласени, да седнат, да се договорат. Тие направиле една драфт-верзија. Ако успеат со тоа – јас им кажав, само донесете дека сте се договориле, прв ќе сум што ќе гласам.“, гласи изјавата на Таравари.

Од движењето БЕСА демантираат дека имаат каков било канал на комуникација со ДУИ.

„Без да сакам да го прејудицирам точното значење на изјавата на господинот Таравари дека – освен него – и другите лидери на ВЛЕН имаат комуникација со Али Ахмет, поради коректност со членството на Движењето БЕСА, партиските тела и нашите поддржувачи, морам да појаснам дека ниту претседателот Билал Касами, ниту кој било друг експонент на Унијата за Демократија за интеграција нема комуникација со Движењето БЕСА.
Граѓаните и симпатизерите на Движењето БЕСА многу добро знаат дека од неговото основање и до сега никогаш не сме биле во комуникација со ДУИ, кога таа мораше да се спаси од своите дела, а и овојпат нема причина ниту да имаме канал за комуникација со неа. Да имаше, ќе беше отворен за граѓаните.
Али Ахмети е единствениот виновник за состојбата на Албанците во Северна Македонија и колку побрзо замине во политичка пензија, толку подобро за него и за Албанците.
А, ВЛЕН, има смисла само се додека одржува политичка дистанца со ДУИ.“, се вели во соопштението од БЕСА.

Од Демократското движење чиј лидер е министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити, преку соопштение ги отфрлија шпекулациите за коминикација со ДУИ.

„Демократското движење (ЛД) ги отфрла сите шпекулации дека има комуникација со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
ЛД нема и нема да има никаков вид соработка со партија потопена во корупција, каде нејзините главни фигури се ставени на црната листа на американскиот Стејт департмент за заробување на судството и злоупотреба на власта.
Демократското движење јасно и недвосмислено се оградува од која било политичка структура која ја трансформирала корупцијата во облик на владеење, а државата во алатка за лично богатење.
ЛД останува непоколеблива во својата визија за чиста, некорумпирана политика која им служи на граѓаните“, велат од ЛД.

И од Алтернатива излегоа со соопштение во кое се оградуваат од изјавата на Таравари дека постои канал на комуникација на сите партии од коалицијата ВЛЕН, со ДУИ.

За да и појасниме на јавноста но и да бидеме коректни со органите и структурите на партијата, како и со членството и симпатизерите, јавно изјавуваме дека Алтернатива нема комуникација на ниту едно ниво и на кој било канал со Демократската унија за интеграција и нејзиниот претседавач.
Освен тоа, АлтернативА смета дека нема причина или потреба да се комуницира со партија која е запишана на американската црна листа на неграциозни лица, која Албанците ќе ја паметат само по корупција, криминал и злоупотреба на власта.
Останувајќи доследна на ставот дека ВЛЕН е коалиција изградена за афирмација на вредностите на новиот политички морал и за воспоставување нови политички стандарди, АлтернативА оценува дека адресата на заштитата на албанските интереси е комуникација со народот и заштита на нивните интереси на прецизен и достоинствен начин“, велат од Алтернатива.

Во меѓувреме, потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми во емисијата Клик плус, на ТВ 21, изјави дека ДУИ соработува со сите и има канали за комуникација, но според него,  тоа не значи дека има нешто во однос на развојната динамика.

„ДУИ во различни форми соработуваше со сите актери на политичката сцена. Знаете дека некои од партиите што се денес во ВЛЕН се деривати на ДУИ, составен дел на ДУИ, имаат важни функции не година или две, туку повеќе од 20 години, така што имаме одредени канали на комуникација со сите, уште повеќе на основа на претходна соработка. Лично и јас имам комуникација со луѓе кои се од различно политичко и партиско потекло и дека тоа не значи ништо во однос на тоа каква ќе биде динамиката на развојот“, рече Адеми.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар

EVN

НАЈНОВО

Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk