ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Палевски отстранет од судница поради сомневање за влијание врз исказите

April 2, 2025 11:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Претходно, по барање на адвокатот Игор Ефремов, бранител на Кешишев, судот донесе решение обвинетиот Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата. Барањето беше образложено со сомневање дека присуството на Палевски би можело да влијае врз вистинитоста на исказот на Кешишев. Како доказ беше наведен случајот со изјавата која во ноември лани Кешишев ја достави до судот, во која наведува дека Палевски нема врска со случајот, а потоа ја негираше со образложение дека бил приморан од Палевски да ја напише.

– Бараме обвинетиот Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата поради околности кои укажуваат дека обвинетиот Кешишев во негово присуство нема да ја зборува вистината, односно, како во текот на постапката, со доставувањето на изјава од страна на обвинетиот на 20.11.2024 година, а која потоа ја негираше на расправата на 25.11.2024 во која изјава од страна на обвинетиот Љупчо Палевски му била дадена да ја препише, потпише и достави како своја. Сметам дека со ова е извршено влијание врз давањето на исказ на обвинетиот Кешишев, па оттука сметам дека е оправдан стравот на одбраната да истиот нема да ја зборува вистината, рече адвокатот Ефремов.

Одбраната на Палевски се спротивстави на барањето, посочувајќи дека ваквото отстранување е непотребно и дека се изнесуваат невистини без соодветни докази.

– Нема потреба од вакви драми и сцени, истиот може да ја зборува вистината, доколку ја знае и е искрен да си ја каже, а на Љупчо Палевски, мислам дека спротивно би му било оневозможено да го следи неговиот исказ и да поставува прашања, едно е јас како бранител што ќе го следам неговиот исказ, а друго е Љупчо Палевски самиот да фаќа прибелешка и да поставува прашања на обвинетиот Влатко Кешишев, рече адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Палевски.

Палевски дополни дека смета дека адвокатот Ефремов изнесува невистини.

-Сметам дека бранителот на обвинетиот Кешишев се служи со невистини, изнесува факти кои не постојат, заборави да приложи пишана изјава од мене која сум го терал Влатко Кешишев да ја потпише, ова е втор пат да изнесува лаги без притоа да приложи каков било доказ, дека јас сум давал писма, изјави да се препишат во име на обвинетиот Кешишев. Затоа го молам судот да бидам присутен затоа што на претходните испитувања не добив ниту еден укор од судот дека сум прекинувал или влијаел на исказите. Може и со грб да биде свртен, мене ми е важно да слушнам што ќе изјави обвинетиот Кешишев, рече Палевски.

Судот одлучи дека постојат околности кои го оправдуваат ова решение, особено со согласноста на обвинетиот Кешишев за предложеното отстранување.

– Судот донесе решение дека Палевски се оддалечува од судницата бидејќи постојат околности дека во негово присуство нема да ја зборува вистината, рече судијата Ивица Стефановски.

Откако Палевски беше отстранет од судницата, неговиот адвокат побара да биде прекината постапката и да се повика вешто лице да ја утврди здравствената состојба на Кешишев. Судот го одби овој предлог и судењето продолжи со сослушување на обвинетиот Кешишев.

На минатото рочиште  беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој ги негираше исказите дадени од Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче.

Претходно, беше сослушан и обвинетиот Велибор Манев кој во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил обвинетиот Љупчо Палевски.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: двојно убиствосудење

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk