ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Светска берза: На Волстрит избришани 2400 милијарди долари

April 4, 2025 09:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Вашингтон најави воведување драстични царини, сите најголеми светски берзи паднаа нагло, при што само на Волстрит се избришани околу 2400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот СиП 500.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 10 отсто на целиот увоз и на увозот од земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит и дополнителни реципрочни царини, на светските берзи владееше паника.

Ова може да предизвика ескалација на царинската војна, прекини во синџирите на снабдување и меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите светски економии, па дури и рецесија во некои од нив.

Азиските берзи беа првите на удар вчера бидејќи Трамп најави драстични реципрочни царини за увоз од Кина, Јапонија, Индија, Тајван, Јужна Кореја…

Увозот од Кина, кој веќе подлежи на царини од 20 отсто, во иднина ќе подлежи на дополнителни давачки од 34 отсто, 24 отсто увоз од Јапонија, 26 отсто од Индија, 25 отсто од Јужна Кореја…

Како резултат на тоа, цените на акциите паднаа на сите азиски берзи вчера, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја и Хонг Конг.

Следеа европските берзи, каде индексите беа во длабока негатива од самото отворање бидејќи Трамп најави дополнителни царини на увозот од Европската унија од 20 отсто, а многу европски лидери возвратија со остар тон и најавија контрамерки.

На крајот од тргувањето, лондонскиот ФТСЕ индекс се намали за 1,55 отсто, на 8.474 поени, додека франкфуртски ДАКС потона за 3,01 отсто, на 21.717 поени, а париски ЦАЦ за 3,31 отсто, на 7.598 поени.

Индексот Доу Џоунс падна за 3,98 отсто, на 40.545 поени, додека СиП 500 потона за 4,84 отсто, на 5.396 поени, а индексот Насдак падна за 5,97 отсто, на 16.550 поени.

За сите три индекси ова е најголем дневен пад од 2020 година, кога на пазарите владееше паника поради кризата со корона. Ова вчера избриша околу 2.400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот СиП 500.

Во исто време, меѓу најголемите губитници беа акциите на голем број технолошки гиганти. Цената на Епл потона за 9,2 отсто, Амазон – девет, Енвидиа речиси осум отсто…

Кина и Европската унија најавија контрамерки. Јужна Кореја, Мексико, Индија и неколку други земји рекоа дека засега ќе се воздржат и ќе се обидат да преговараат.

И додека вчера паднаа сите најважни индекси на Волстрит, само индексот на страв ВИКС порасна, пробивајќи се над нивото од 30 поени за прв пат од август. Тоа значи дека инвеститорите се повеќе ги осигуруваат своите портфолија од можен понатамошен пад на цените на акциите.

Трамп вчера рече дека е отворен за преговори.

-Администрацијата на Трамп можеби игра „кукавичка игра“ со трговските партнери, кои први ќе попуштат, но инвеститорите не се подготвени да чекаат резултати. Прво ќе продаваат, а подоцна ќе поставуваат прашања, рече Мајкл Ароне, стратег во State Street Global Advisors.

Затоа на светските берзи и во наредните денови се очекува неизвесно тргување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Волстритизбришанимилјарди долари

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk