ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари: Карадакоски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта и големата површина на изгореници

April 4, 2025 15:51
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Алексдандар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, беше истанато на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство.

-Со огромно жалење сакам да известам дека рано утрово еден од 116-те пациенти што беа испратени надвор од државата, Александар Карадакоски кој се лекуваше во Литванија, за жал, починал, рече Таравари на денешната прес-конференција во Министерствоото за здравство, изразувајќи воедно сочувство до семејството на Александар Карадакоски.

Тој посочи дека пацеиентот кој што почина беше на 29-годишна возраст, испратен е на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил хоспитализиран во Градската болница во Скопје.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св Наум Охридски“ Небојша Настов информира подетално за процесот на лекување на Карадаковски и за степенот на повредите на кои што им подлегнал.

– Пациентот е примен во нашата установа околу 6 часот изутрината, после настанот во Кочани. Во текот на денот доаѓа до влошување на неговата состојба. Во попладневните часови има потеба од интубација, односно обезбедување на механичка вентилација и поставен е на апарати за вештачко дишење. Генерално се продолжува со негово интензивно лекување и обработка на изгорениците, кои мора да напоменам воопшто не беа мали. Вкупната површина на изгореници е околу 36 проценти, претежно во пределот на главата, вратот и горните екстремитети од втор и трет степен. И заради чадот кој го вдишал доаѓа до оштетување на внатрешните дишни органи што е потврдено и од колегите од Литванија во разговор со нашите анестезиолози при брифирање за состојбата на паицнетот, што редовно се одвуваше на секој ден или два. Утврдено е со броинхоспско испитување дека е оштететно голем дел од бронхоскопското стебло и како последица на тоа доаѓа до влошување на состојбата што резултирала со подлегнување на повредите, рече директорот Настов.

Тој воедно потенцира дека 24 часа од приемот во болницата, Карадаковски бил префрлен на лекување во Литванија со медицински санитетски авион. Како директна причина за смрта го наведе директоното оштетување на дишните патишта од чадот кој што е вдишан.

Таравари нагласи дека Карадакоски всушност бил најтешкиот пациент од оние кои се лекуваа во странство.

-На 1 април му откажале бубрезите, беше ставен на дијализа, имаше температура. Практично рани на приближно 36 отсто на телото, од втор и трет степен што остава простор за појава на инфекции, плус изгореници на дишните патишта од 90 проценти што не обезбедуваат содветна размена на гасови, рече Таравари.

За транспортиот на телото на починатиот се е организирано, а обдукацијата ќе биде направена во Скопје.

Таравари на прес-конференцијата информира дека остануваат 78 пацинети од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани кои се на лекување. Од нив моментално во државата се лекуваат 14 пациенти, од кои пет ќе бидат испишани, тие се стабилни, во добра состоија и ќе се лекуваат дома, а девет остануваат во болниците во Скопје.

Денеска се очекува да се вратат шест нови пациенти кои се во стабилна состојба – по двајца од Бугарија, Унгарија и од Шпанија. Според протоколките, тие 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од каде биле испратени и потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување.

-Практично надвор од државата остануваат само 69 пациенти од кои три, за жал, се во критична и нестабилна состојба. Добро е што од впуно 193 веќе 118 се лекуваат во домашни услови и се добри и сите се во добра состојба. Надвор од државата генерално повеќето се во стабилна и добра состојба, се најавуваат повеќе пацинети кои ќе се вратат во наредните 3-4 дена, информира Таравари.

На новинарско прашање, министерот кажа дека од 69 пациенти кои се надвор на лекување, 20 пациенти се интубирани.

Извори од МНР за МИА, порано денеска информираа дека е започната процедурата за враќање на телото на Карадакоски.

Тој е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, годинава.

Tags: Таравари
Next Post
Скриншот

И Македонија под санкциите на Трамп

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk