ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Управителот на „Пулс“ е 60-тата жртва во пожарот, во подготовка втората и третата фаза од лекувањето на повредените

April 5, 2025 10:54
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управителот на дискотеката „Пулс“ Александар Карадакоски е 60-тата жртва во трагичниот пожар на 16 март годинава во Кочани. Тој беше на лекување во Литванија, каде вчера им подлегнал на повредите, по што Основното јавно обвинителство Кочани ја запре постапката против него. Министерството за здравство најави дека се подготвува за втора и трета фаза од лекувањето на повредените, откако со отпуштање на пациентите од болниците во земјава и странство заврши првата фаза од нивното лекување.

Медицински лица и претставници од Министерството за здравство вчера ја посетија Клиничка болница-Штип за да ги видат условите за примање на повредените пациенти и вршење на сите потребни преврски и други медицински третмани.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вчера на прес-конференција информораше дека адаптирањето на просторот ќе биде пред се на болничките соби во Физикална терапија, од сегашните трикреветни соби, да се адаптираат во еднокреветни или двокреветни.

Специјалистите по пластична хирургија од Клиничка болница – Штип ќе помагаат и во Општата болница во Кочани, а Захариев најави и оглас за вработување на 19 специјализанти.

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека починатиот Карадакоски, беше еден од четворицата пациенти кои беа во критична состојба.

– За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал. Да се надеваме на другите критични да им се подобри состојбата. Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добил поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата, рече Таравари.

За транспортиот на телото на починатиот се е организирано, а обдукцијата ќе биде направена во Скопје.

Таравари на прес-конференцијата информира дека остануваат 78 пацинети од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани кои се на лекување. Од нив во моментов во државата се лекуваат 14 пациенти, од кои пет ќе бидат испишани, тие се стабилни, во добра состојба и ќе се лекуваат дома, а девет остануваат во болниците во Скопје.

Денеска се очекува да се вратат шест нови пациенти кои се во стабилна состојба – по двајца од Бугарија, Унгарија и од Шпанија. Според протоколите, тие 24 часа ќе престојуваат во нашите болници од каде биле испратени и потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување.

-Практично надвор од државата остануваат само 69 пациенти од кои три, за жал, се во критична и нестабилна состојба. Добро е што од вкупно 193 веќе 118 се лекуваат во домашни услови и се добри и сите се во добра состојба. Надвор од државата генерално повеќето се во стабилна и добра состојба, се најавуваат повеќе пацинети кои ќе се вратат во наредните 3-4 дена, информира Таравари.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера соопшти дека преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава е во редовна комуникација со семејството на Карадакоски, како и со надлежните институции во Литванија и дека се преземаат сите активности за организација на транспортот на неговото тело.

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав, што работи на истрагата, вчера започна со една минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата.

-Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани за утврдување кривична одговорност за трагедијата го запозна колегиумот со преземените дејствија до сега, со начинот и концептот на истражување и со стручните аспекти на предметот кои ги има предвид при истражувањето, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Next Post

Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Јапонија

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk