ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка

April 6, 2025 10:08
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Фото: ЦУК

Фото: ЦУК

Share on FacebookShare on Twitter

По пријава од граѓани на единствениот телефонски број за итни случаи – 112, санирани се оштетениот мост – надвозник пред Визбегово и пукната водоводна цевка на него, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Вчера, доцна попладне, по 17 часот, лице кое со автомобил се движело по „Јадранска магистрала“ во правец кон Блаце од мостот – надвозник, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ што е на влезот на Визбегово, забележало како паѓаат камења. Веднаш од страна на оперативните работници на Регионалниот ЦУК – Скопје, пријавата е доставена до општините Бутел и Карпош, а и до ЈП „Улици и патишта“, за нивно итно постапување и санирање на надвозникот, а и до МВР, при што полицијата се грижеше за општата безбедност и на сообраќајницата и во околина на изведувањето на работите за санирањето на мостот – надвозник. Во текот на вечерните часови, од страна на овластено лице на ЈП „Улици и патишта“, ЦУК беше известен дека е постапено по пријавата, се појаснува во соопштението.

Исто така, било пријавено дека на истиот мост – надвозник пред Визбегово, има пукната водоводна цевка од што се слева голема количина вода на коловозот под мостот.

– Од страна на оперативните работници во РЦУК – Скопје, пријавата била веднаш доставена до дежурните во ЈП „Водовод и канализација“ за нивно постапување. Во вечерните часови во ЦУК е добиена информација од јавното претпријатие дека дефектот бил саниран, во 20:30 часот, се додава во соопштението.

Од ЦУК додаваат дека е информирано во повеќе наврати за небезбедноста на овој мост.

– Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во повеќе наврати посочи и во јавноста и на институциите, а и на службите преку службено административно информирање, како и преку координативни средби за небезбедноста на мостот – надвозник пред Визбегово, при што беа изведени привремени решенија за да се зголеми безбедноста на граѓаните на и под мостот, се нагласува во соопштението.

Tags: мост ВизбеговоЦУК
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ воведува контрамерки на американските царини за челик и алуминиум

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk