ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Игрите без граници“ на Додик

April 8, 2025 15:03
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Судот на Босна и Херцеговина издаде наредба за негово апсење, претседателот на РС Милорад Додик слободно се движи и се среќава со светските лидери. Во меѓувреме, Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, ги повика ЕУ и ЕУФОР веднаш да реагираат.

За Додик нема граници

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, продолжува слободно да патува надвор од границите на Босна и Херцеговина, иако против него има централна потерница во БиХ, распишана поради обвинувања за непочитување на одлуките на високиот претставник и поткопување на уставниот поредок на државата, се наведува во статија на Форбс.бих.

По посетата на Израел и средбата со премиерот Бенјамин Нетанјаху, Додик неодамна ја посети Москва, каде што разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа серија меѓународни состаноци предизвика бран политички реакции и загриженост во Босна и Херцеговина, имајќи предвид дека локалните власти не ја спроведуваат одлуката на Судот на Босна и Херцеговина, а институциите на ентитетите јасно го штитат Додик.

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ побара од Европската унија и мисијата ЕУФОР да реагираат:

Очекуваме конкретна помош од ЕУФОР за апсење на Додик. Неговиот пркос на уставниот поредок и заканите со насилство не се само домашен проблем, туку и поширока регионална безбедносна грижа, која бара итен меѓународен ангажман“, порача Конаковиќ.

Тој додаде дека очекува зајакнат и координиран одговор од домашните институции, кои, како што посочи, мора да се зајакнат и поддржат во одржувањето на владеењето на правото, зачувувањето на уставниот поредок и заштитата на демократскиот пат на државата.

Судски вакуум и политички хаос

Додик е обвинет за одбивање да ги спроведе одлуките на ОХР, како и за усвојување закони во Националното собрание на РС со кои се обидува да ја дерогира правната рамка на БиХ. Поради ова, Судот на Босна и Херцеговина изрече првостепена одлука за неговото политичко дејствување и му се закани со затворска казна, но до ден денес не е уапсен, иако има централна наредба во државата.

БиХ побараа од Интерпол да се издаде црвена потерница, но тоа не се случи. На ова се спротивставија Србија и Унгарија со поднесување жалба на барањето за издавање црвена потерница на Интерпол

Додик, во целата своја ароганција им се подсмева на институциите, но и на ЕУ, тој порача дека ќе се кандидира за претседател на РС, а некои во Европа ќе „скокаат“ за тоа.

Отсуството на реакција од судските и полициските институции дополнително ја продлабочува правната и политичката криза во БиХ. Додека државното судство нема извршни механизми за извршување на сопствените одлуки на територијата на ентитетот РС, Додик ги користи институционалните дупки за да се позиционира како клучен играч на меѓународната сцена, претставувајќи ја РС како посебен политички субјект во преговорите и дипломатските состаноци.

И покрај алармантните апели од Сараево, меѓународната заедница се уште не зазеде јасен став за однесувањето на Додик. Неговите средби со лидери како Нетанјаху и Путин јасно покажуваат дека тој ја користи својата позиција за зајакнување на паралелната дипломатија, а во исто време ги игнорира институциите на државата во која е претседател на ентитетот.

Австрија и Германија воведоа санкции и забрана за влез на Додик, но тој сепак предизвика дипломатски скандал со протерувањето на германската министерка Ана Лурман.

Во образложението на Владата на РС се наведува дека тие ја донеле оваа одлука како „реципрочна мерка“ откако Германија заедно со Австрија во четвртокот го забрани влезот на лидерот на босанските Срби Милорад Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ поради загрозување на спроведувањето на Дејтонскиот договор.

Колкава е политичката моќ на Додик? 

Босна и Херцеговина се наоѓа пред сериозен тест – дали институциите на државата ќе имаат сила да ги спроведуваат законите подеднакво на целата територија, или политичката моќ и заштитата на структурите на ентитетите ќе продолжат да го уриваат државниот поредок?

Секако, и Европската унија, којашто досега немаше некаква отсечна реакција за однесувањето на Додик, освен реакциите на Австрија и Германија, доколку набргу не реши како ќе настапи по ова прашање, ќе има дополнителна одговорност, покрај институциите на БиХ.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Додик

НАЈНОВО

Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

June 10, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пренесувањето на „Ричард трети“ на Албанскиот театар во денешно време е одлично дело поставено на театарската сцена

June 10, 2025

Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница

June 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Падна ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Били Ајлиш и Нат Волф потврдија романса со бакнеж во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски преку реторика анти-ДУИ, облекува „патриотска“- анти-државничка облека!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk