ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАСА го враќа својот најстар сателит на Земјата

April 8, 2025 15:59
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Скриншот NASA

Скриншот NASA

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА има намера да го врати на Земјата најстариот сателит што човештвото во мигов сè уште го има во Вселената. Се работи за „Вангард 1“ (Vanguard 1), инаку лансиран на 17 март 1958 година, а ѝ припаѓа на американската морнарица.

Тоа, воедно, е и вториот успешно лансиран американски сателит, по „Експлорер 1“ (Explorer 1), а е првиот сателит што користел Сончеви ќелии. „Вангард 1“ е лансиран и по советскиот сателит „Спутник 1“, што СССР го постави во Земјината Орбита во октомври 1957 година. Со оглед на дотогашните неуспеси на САД, „Вангард 1“ е значајна технолошка пресвртница за Американците. Мисијата придонесе за проучување на обликот и атмосферската густина на Земјата. А, и денес, овој сателит продолжува да дава податоци за долгорочната орбитална динамика.

И покрај проблемите што се јавиле во 1964 година со Сончевите ќелии, „Вангард 1“ сè уште може да се следи. Орбитира околу Земјата по елипсовидна патека, на надморска височина што се движи меѓу 660 и 3.922 километри, со наклон од 34,25 степени.

Но, денес, одреден број инженери, како и историчари, предлагаат проверки и можно враќање на американскиот сателит од Вселената. Таквиот концепт е претставен на Научно-технолошката конференција на Американскиот институт за аеронаутика и астронаутика. Научниците веруваат дека враќањето на сателитот ќе овозможи испитување на неговите материјали – трупот, панелите, батериите и оштетувањата на површината предизвикани од микрометеорити и други остатоци. Ова, се вели, ќе обезбеди увид во долгорочното изложување на вселенската средина.

Сателитот има дијаметар од 15 сантиметри и тежок е 1,46 килограми, па затоа е потребна многу прецизна работа. Предлозите вклучуваат снимање на неговата сегашна состојба и насочување кон Меѓународната вселенска станица, или постепено спуштање на планетата Земја.

Поморската истражувачка лабораторија, којашто го разви сателитот, го поддржува овој потфат, со свој научен труд. Враќањето на сателитот може да придонесе за науката и да го унапреди дизајнот за идните вселенски летала. Според историчарите, пак, тоа би значело зачувување важен артефакт од раното истражување на Вселената – за јавно прикажување, изложни и истражувања.

Tags: најстар сателитНАСА
Next Post
Скриншот

„Бриџстоун“ ги претстави новите тркала за месечевите ровери

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk