Централното претседателство на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одлучи да одат со свои листи за советници на претстојните локални избори.
Таравари на прес-конференцијата по завршување на сендицата рече дека остануваат во ВЛЕН освен ако останатите коалициски партнери не одлучат да ги исклучат.
– Не излегуваме од коалицијата ВЛЕН, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од „Влен“ да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење, рече Таравари.