Две сложени интервенции биле извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, информираа надлежните на денешната прес-конференција.
Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека на 12 и 13 март биле извршeни кадавeрични трансплантации на црн дроб, два бубрега. Нешто подоцна, фондовски поддржана, извршена била прва баријатрична процедура на пациент. Два дена траела вкупната хоспитализација.
-Ова е петта кадаверична трансплантација на црн дроб со најуспешен тек, подвлече Костовски.
Тој рече дека трендот продолжува и оти во иднина ќе се прават сите подготовки за почнување трансплантациски процес од жив дарител.