ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коментар од Амбасадата на Украина: Руската пропаганда е информативно оружје – медиумите мора да бидат одговорни

April 16, 2025 16:40
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во РСМ објави остра реакција на руските дезинформациски наративи кои се појавија и во дел од македонските медиуми.

„Со длабока загриженост и огорченост ја осудуваме објавата на содржини во македонските медиуми што се засноваат на отворено дезинформативни наративи, создадени и распространети од руската пропагандна машинерија. Вестите под наслови „Се подготвува марш кон Киев и соборување на Зеленски?“ и „РИА Новости“: Се подготвува марш кон Киев и соборување на Зеленски“ објавени во Кумановски Муабети и Слободен печат, со повикување на руското изворно РИА Новости, се пример на манипулативна информативна кампања чија цел е дестабилизација на украинското општество, поткопување на довербата во легитимното раководство на државата и дискредитација на борбата на Украина за слобода и независност“, се вели во реакцијата на украинската амбасада.

Амбасадата ги повика македонските медиуми да ги проверуваат фактите и да се воздржат од пренесување руску пропагандни пораки.

„Ги повикуваме македонските медиуми да се придржуваат до новинарските стандарди, да ги проверуваат фактите, да се воздржуваат од пренесување на руски пропагандни пораки и одговорно да се однесуваат кон изворите на информација. Во услови на војна, кога Руската Федерација секојдневно користи информативно оружје со иста жестина како и ракетите насочени кон детски игралишта, ширењето на лажни вести во земја што е членка на НАТО е неприфатливо“, се вели во реакцијата.

Борбата против дезинформациите е заедничка обврска на сите, реагира Амбадата на Украина во нашата земја.

„Европските држави треба да застанат во одбрана на вистината, демократијата и слободата. Затоа борбата против дезинформацијата е заедничка обврска на сите – новинарите, политичарите и граѓанското општество. Украина високо ја цени поддршката од своите партнери и искрено се надева дека за подмолните и манипулативни наративи повеќе нема да има место во информативниот простор на земја што ги споделува европските вредности“, реагира украинското дипломатско претставништво.

Според амбасадата, Русија не е заинтересирана за прекин на огнот и дека дезинформациите се дел од арсеналот на агресорот.

„Руската Федерација не е заинтересирана за прекин на огнот – ширењето на дезинформации е еден од инструментите за поттикнување на смртоносниот оган“, стои во заклучокот на јавната реакција на Амбасадата на Украина во РСМ.

Претходно, ЦИВИЛ објави извештај од својот мониторинг на дезинформациите, објавен на англиски јазик на интернет порталот Civil.Today што беше прифатен од голем број релевантни аналитичари и лидери во граѓанското општество во Европа и САД.

Џ. Д.

Преземено: Цивил Медиа


ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Меџити: Таравари се самоисклучи од ВЛЕН со самостојниот настап со советнички листи на АА

НАЈНОВО

Во Дебар излезеноста до 11 часот 5 отсто, во Центар Жупа 4,8 отсто

October 19, 2025

Во Штип до 11 часот гласале 10,89 проценти од избирачите

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk