Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Хиндукуш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 121 километри, а епицентарот бил на 164 километри источно од Баглан, град со население од околу 108.000 луѓе.
Во оваа фаза нема информации за жртви или материјална штета.