ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ ги повикува европските лидери да не одат во Москва на парадата на 9 мај; Не е познат целосниот список на поканети; Вучиќ и Фицо најавија присуство; Орбан нема да оди

April 17, 2025 15:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На помалку од еден месец до Денот на победата над фашизмот, списокот на поканети кои потенцијално би можеле да отпатуваат во Москва на парадата, веќе предизвика бура во врвот на Европската унија, пишува Еуроњуз.

Според претходните најави, годинава поканите отидоа на неколку адреси, а фактот што некои европски лидери го потврдија нивното доаѓање доведе до предупредување дека „Европа нема да го прифати лесно“.

По состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија оваа недела во Луксембург, шефицата за надворешни работи и безбедност на ЕУ Каја Калас ги предупреди европските лидери да не учествуваат на воените прослави во Москва на 9 мај, туку наместо тоа да покажат солидарност со Украина.

Според руските медиуми, оваа година од Кремљ се испратени покани до лидерите на Кина, Индија и Бразил, земјата членка на ЕУ – Словачка, како и Србија, која е кандидат за членство во ЕУ.

„Она што исто така беше многу јасно разговарано и споменато од различни земји-членки е дека секое учество на паради или прослави на 9 мај во Москва нема да биде сфатено лесно од европската страна, имајќи предвид дека Русија навистина води голема војна во Европа“, рече Калас на новинарите во Луксембург.

Калас, исто така, рече дека ЕУ не сака да види ниту една потенцијална членка на блокот на прославите во Москва.

Наместо тоа, како што објави Политико, Украина ги покани највисоките функционери и лидери на ЕУ во Киев на 9 мај за да се спротивстават на воените прослави на Русија.

Прославите на 9 мај ја одбележуваат 80-годишнината на од поразот на нацистичка Германија во Русија, во која таа одигра клучна улога, а Путин бесрамно тврдеше дека неговата војна против Украина е обид да ја исчисти земјата од нацистите.

Иако сè уште не е познат точниот список на гости, словачкиот премиер Роберт Фицо го потврди своето патување во Москва уште во ноември, наведувајќи дека ја прифатил поканата на Путин. Фицо, чија влада се обидува да ги подобри односите со Русија, претходно зборуваше за неговата желба да присуствува на настани во Москва, пишува Ројтерс.

Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека тој нема да присуствува на парадата во Москва.

Што се однесува до претседателот на Србија Александар Вучиќ, телефонски разговараше со Путин на почетокот на март. Освен билатералните прашања, политичката соработка, санкциите против НИС, Вучиќ рече дека за него е „особена чест да ја потврди посетата на Руската Федерација на 9 мај“.

„Ќе бидам на чело на српската делегација на почетокот на мај на прославата на 80-годишнината од победата над фашизмот и гордо ќе ја претставувам Србија на Црвениот плоштад“, изјави тогаш Вучиќ.

Доколку отпатува во Москва, ова ќе биде прва посета на Вучиќ на Русија од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Инаку, последната средба меѓу Вучиќ и Путин беше на 17 октомври 2023 година во Пекинг на меѓународниот форум на кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Според аналитичарите, она што може да има пресудно влијание врз одлуката на европските лидери за заминување во Москва е победата на Доналд Трамп во САД и пресвртот на американската политика кон Украина.

Д. Т. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: европски лидериЕУМосквапарада

НАЈНОВО

Јапонски суд ја укина глобата од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

June 6, 2025

(ФОТО) Охридската чаршија е препуштена на стихијата и тука секој прави што сака, алармираат Охрид SОS

June 6, 2025

Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Трамп рејтинг

    Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk