ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ана Стојаноска: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп, очекуваме салите да бидат подготвени и безбедни

April 22, 2025 12:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи во Прилеп. Оптимист сум дека ќе се оспособат салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Прилепскиот театар, вели за МИА уметничката директорка на Фестивалот Ана Стојаноска.

Пред околу еден месец Инспекторатот при Дирекцијата за заштита и спасување, поради повеќе безбедносни пропусти, ги забрани за приредби, манифестации и претстави салите во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и во Народниот театар „Војдан Чернодрински“.

Стојаноска ги отфрла шпекулациите за одржување на Фестивалот надвор од Прилеп. Вели дека Фестивалот, што е планирано да се одржи од 6 до 13 јуни, ќе се одвива во Прилеп, а покрај салите, секогаш се на располагање се и други алтернативни сцени во градот.

– Подготовките се во тек, ја следиме ситуацијата и во комуникација сме со сите засегнати страни. Сцените ги изнајмуваме во Прилеп. Ја знаете мојата идеја, јас сакам Прилеп да биде град-театар, така што истражувам алтернативни сцени во градот. Ова го нагласувам, зашто слушам разни муабети во однос на тоа каде ќе се случува Фестивалот. Фестивалот ќе се одржи во Прилеп. Се надевам, како што сме научени да биде секоја година, да се средат работите со Центарот за култура „Марко Цепенков“, односно да се задоволат сите законски норми и пропишани барања на Инспекторатот, зашто мене како човек, а и како дел од Фестивалот, пред сѐ, ми се важни безбедноста и сигурноста на организаторите, учесниците и на публиката. Така што, во суштина сметам дека Фестивалот, на еден креативен начин, одговара на секој предизвик. Значи, не се затвораме и не викаме дека нема да има, туку работиме, истакнува Стојаноска.

Верува во можностите на градот, Министерството за култура и на организацискиот тим дека ќе направат сѐ Фестивалот да се одржи беспрекорно.

При неодамнешната посета на Прилеп, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарско прашање за затворените сали во Прилеп и како тоа ќе влијае на фестивалот, нагласи дека до почетокот на Фестивалот ги бидат отстранат безбедносните проблеми.

– Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ги видов сите недостатоци кои ги посочи Инспекторатот на Дирекцијата за заштита и спасување. Ова беше логично по долгогодишната негрижа. Направивме динамика. Имаме план како да ги отстраниме овие недостатоци. Прво, да го отвориме Центарот за култура, а потоа да пристапиме кон недостатоците кои ги има Театарот, изјави Љутков.

Директорката Стојаноска е убедена дека до почетокот на Фестивалот ќе се отстранат сите безбедносни пропусти во салите.

– За отворањето на двете сали, во Центарот за култура и во Театарот, треба да кажат оние кои ги водат тие сали, a сега може да кажам дека тоа што ќе биде оспособено, ќе биде искористено за Фестивалот.  Да, се размислува за други простори, но ние секоја година користиме и други алтернативни простори низ Прилеп, и не само во Центарот за култура, и не само во Театарот.  Мислам дека до почетокот на Фестивалот ќе се отстранат сите безбедносни пропусти. Тоа го потврди и министерот за култура Зоран Љутков во нашиот заеднички разговор, а тоа го потврдија и од Центарот за култура дека работат на тоа да се оспособат салите, вели Стојаноска.

Годинашното мото на Фестивалот е „Смеј се и осмели се“ и наместо „Автор во фокус“ годинава во фокусот ќе биде Прилеп со истакнати театарски уметници.

– Годинава, осмисливме Прилеп да одговори на многу креативен начин, така што во програмата „Автор во фокус“ наместо, како досега што беше застапен само еден автор, годинава имаме „Прилеп во фокус“. Ова првпат сега го најавувам. Тоа ќе бидат тројца автори и уметници од Прилеп кои оставиле длабока трага во македонскиот театар – и на Фестивалот, и на Театарот воопшто. Значи, ќе направиме, таканаречен, музеј во движење на тројца автори од Прилеп: Благоја Ристески-Платнар, Благоја Спиркоски-Џумерко и Кирил Ристески. Сметам дека тоа е одговорот на Фестивалот што може да се прави во, условно речено, креативни времиња и предизвици кои ќе нѐ следат. Имаме можност и моќ да покажеме дека Прилеп отсекогаш бил театарски град, дека има и ќе има театарски уметници кои го водат македонскиот театар, нагласува Стојаноска во разговор за МИА.

На Фестивалот остануваат разговорите на „тркалезната маса“ за претставите, останува „Детската зона“ кај Градскиот саат, како и промоциите на театролошката литература. Новитет ќе биде еден вечерен поткаст кој ќе се снима, наместо дневните каде повторно ќе се искористат театарските уметници низ Прилеп.

– Ја имаме и програмата „Драмолетање“ која ќе биде презентирана низ Прилеп. Цело време работиме да имаме побогата активност. Ова издание на Фестивалот ќе биде поскромно, не знаејќи ја ситуацијата со сцените, но в година, бидејќи е 60-тото издание на Фестивалот, ќе треба да бидеме поголеми. Може да речам дека паралелно ги подготвуваме двете изданија на Фестивалот, годинашното и она догодина, јубилејното, заклучува уметничката директорка на МТФ „Војдан чернодрински“, Ана Стојаноска.

Tags: Ана СтојаноскаВојдан ЧернодринскиПрилептератар
Next Post

Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk