ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина ако Пекинг започне трговски преговори со САД

April 23, 2025 15:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе биде „многу љубезен“ со Кина на евентуалните трговски преговори и дека американските царини ќе бидат намалени ако двете земји постигнат договор.

На брифингот во Белата куќа, Трамп и неговиот министер за финансии Скот Бесент зборуваа за деескалација на трговската војна со Кина.

– Тие значително ќе се намалат, но нема да бидат нула, рече тој, сигнализирајќи можна деескалација на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Изјавите доаѓаат по нестабилна реакција на финансиските пазари, што според аналитичарите довело до загриженост на Трамп. Неговиот министер за финансии нагласи дека САД не сакаат целосно да ја прекинат трговијата со Кина.

Двете најголеми економии во светот една на друга воведоа речиси блокирачки царини. Според аналитичарите, „пазарите реагираа панично и непредвидливо, а Трамп се исплаши“.

Аналитичарите оценуваат дека Белата куќа брза кон договор поради падот на берзите и зголемените приноси на државните обврзници.

Кинеските власти официјално не реагираа, но локалните медиуми и социјалните мрежи забележаа промена во тонот на Трамп. Во Кина, коментарите беа протолкувани како знак на отстапка од претходната агресивна тарифна политика.

Трговската тензија кулминираше откако САД воведоа нови царини од 10 отсто на увозот од сите земји и најавија повисоки стапки за стоки за над 60 земји, додека царините за кинески производи беа означени до 145 отсто. Кина возврати со немера да воведе 125 отсто царини за стоки од САД. Одложувањето на дел од мерките за 90 дена само делумно го ублажи ударот врз пазарите.

Tags: КинаСАДТрамптрговски преговори
Next Post

Кривична за директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk