ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обид за апсење на Додик, агентите на СИПА спречени од полицијата на Република Српска

April 24, 2025 09:41
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Агенти на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) синоќа се обиделе да го уапсат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но биле спречени во намерата од припадници на полиција на Република Српска.

Инспекторите на СИПА се обиделе да го приведат Додик додека престојуваше во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, но тие се повлекле кога на патот им застанале полицајците задолжени за обезбедување на актуелниот претседател на РС.

Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, немало директен конфликт меѓу припадниците на државната и ентитетската полиција, туку тие само разговарале.

Инспекторите на СИПА биле во вообичаени униформи, додека приодот до зградата каде што бил Додик бил блокиран од тешко вооружени специјалци на МВР на РС.

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, потврди дека полицијата на овој ентитет веднаш е ставена во состојба на готовност, а ја критикуваше и СИПА за лошо организираниот обид за апсење.

„Испраќањето на неколку инспектори во административниот центар на владата на РС во Источно Сараево со наредба да се обидат да го приведат Милорад Додик и сето тоа без помош на специјална единица на СИПА навистина фрла сомнеж во способноста на државната агенција да обезбеди доследно почитување на законот на целата нејзина територија или зборува за неможноста на раководниот персонал да ја анализира и планира успешната операција“, рече Исак.

Судот на Босна и Херцеговина распиша потерница по Додик и му одреди притвор бидејќи одби да одговори на поканата за сослушувањето на Обвинителството на Босна и Херцеговина кое против него води истрага поради сомнение дека се обидел да го загрози уставниот поредок на Босна и Херцеговина, пренесе МИА.

Tags: апсењеДодикРепублика СрпскаСИПА
Next Post
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

По смртоносниот напад во Кашмир во кој загинаа 26 туристи, Индија ги протера пакистанските дипломати и го затвори граничниот премин

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk