ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сузбиени две криминални групи за злоупотреби за стекнување со право за туѓа нега и за инвалидски пензии, кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода 23, по едно лице се трага

April 24, 2025 14:30
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО за ГОКК вчера спроведе полициска акција, при што се извршени претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар и од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогон.

При извршените претреси, соопштија денеска од МВР, пронајдени и одземени се 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, повеќе мобилни телефонски апарати, нотеси со податоци на должници, како и разна медицинска документација и повеќе факсимил печати.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б. (55) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје, член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа), П.М.Д. (73) од Скопје (лекар, член на Комисијата за оцена на работна способност во ФПИОСМ во период од 01.02.2023 до 30.06.2024), М.П. (53) од Скопје, Ч.Ј. (63) од Скопје, Г.Б. (54) од Скопје (вработен во ЈП Македонија пат), С.Л. (50) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за неврологија Скопје), К.Н. (69) од Велес (пензиониран лекар, во моментот вешто лице за Основен кривичен суд Велес), Ј.К. (47) од Скопје (сопственик и управител на правно лице од Скопје), В.К. (42) од Велес (адвокат), Б.Б. (44) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес, претседател на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес), Т.Ј. (50) од Велес (вработен во ЈЗУ Општа болница Велес), Б.Ј. (45) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), К.Х. (63) од Скопје (вработен во Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади), Ј.Ј. (66) од Крива Паланка, В.С. (65) од Велес, Т.Д. (61) од Студеничани, Л.Ј. (62) од Скопје, Е.Т. (55) од Велес, Д.Д. (52) од Скопје (вработен во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово), В.Ј. (49) од Велес (лекар, овластено лице во ординација за општа медицина и специјалистички ординации во Велес), Ј.Д.Р. (33) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Б.К. (60) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Е.З. (41) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), М.Љ. (69) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, Н.Р. (48) од Тетово, С.Р. (72) од Тетово, Ј.К. (34) од Скопје, В.С. (62) од Скопје, М.Ј. (54) од Скопје, Х.М. (50) од Скопје, В.А. (60) од Куманово, Г.А. (61) од Скопје, М.Г. (56) од Скопје, С.Д (59), М.Ј. (56) од Велес, Р.Љ. (73) од Гостивар, М.Ф. (58) од  Гостивар, Н.Ф (65) од Гостивар, Ф.Љ. (54) од Гостивар, Ќ.Ј. (60) од Студеничани, Е.К. (52) од Скопје, Л.Р.(57) од Куманово, З.Б. (53) од Скопје, Г.З. (59) од Куманово, Д.А. (47) од Велес, Љ.Ц. (46) од Скопје и Д.Ѓ. (62) од Велес.

Во соопштението од МВР се наведува дека за овие лица се обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата.

– Двете организирани криминални групи делувале на начин што  од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барале и примале пари–поткуп, а за возврат извршувале противправни дејствија со директно или индиректно давање или нудење на парични награди поткуп на службени лица, а со кои дејствија на барателите им обезбедуваат исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега, како што се: постапките за остварување на право на туѓа нега ги пријавувале барателите кои давале поткупи кај матични доктори кои вршеле дејност во Велес како Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“, обезбедувале вршење медицински прегледи кај матичните доктори и издавање на медицински упати и други медицински документи на лицата кои давале поткуп без нивно присуство, обезбедувале клинички или болнички прегледи кај доктори и медицински лица без присуство на лицата и обезбедувале издавање на медицински документи за извршените прегледи, како и противправни дејствија на изготвување, обезбедување и употреба на медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација, кои документи се со невистинита содржина, а врз основа на која документација, преку припадниците на криминалната група кои се членови во Комисиите кои одлучувале за остварување на право на туѓа нега, влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките, како и донесување одлуки во корист на барателите на овие социјални права, односно донесување на одлуки за право на туѓа нега во корист на лицата кои давале поткуп на членовите од двете криминални групи, појаснуваат од МВР во соопштението. 

Next Post

Шмит: Прекинува финансирањето на партијата на Додик од буџетот на БиХ

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk