По повод Националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството Холандија и „Гоу грин“ Скопје денеска во Скопје ја организираат втората портокалова велосипедска тура на платото пред „Ист гејт мол“.
Во рамки на Деновите на Холандија кои се одржуваат од петок до недела во „Ист гејт мол“ ќе има и натпревар за најдобро декориран велосипед и игра на потрага, како и холандски базар на кој ќе се претстават повеќе холандски компании.