ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителството се сретна со семејствата на жртвите од „Пулс“, отворен повик за сведоштва и докази

April 29, 2025 15:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои ја водат истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се сретнаа со семејствата на загинатите. Како што соопштија од Обвинителството, на средбата, обвинителите ги информирале блиските за досегашниот тек на истражната постапка и одговарале на нивните прашања и дилеми.

Од Обвинителството уверуваат дека истрагата е сеопфатна и дека се разгледуваат сите аспекти на евентуална одговорност:

– Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес, стои во соопштението од Обвинителството.

Оттаму велат дека Обвинителството продолжува интензивно да презема дејствија на распити и вештачења од кои најголем дел од прелиминарните резултати се очекуваат во следните неколку дена.

-Во истрагата се ангажирани максимални капацитети од сите истражни органи и се вклучени десетици стручни лица од различни области, дополнуваат од ЈО.

Во исто време, Обвинителството упати и отворен повик до сите граѓани кои располагаат со лични сведоштва, информации или докази поврзани со работата на клубот „Пулс“ и поврзаните фирми, како и за надлежните институции, да ги споделат преку специјално изготвен формулар достапен на веб-страницата на Обвинителството (www.jorm.gov.mk).

Пополнетиот формулар може да се испрати на наменската електронска адреса: istragakochani@jorm.mk, по што, врз основа на релевантноста на податоците, граѓаните ќе бидат контактирани од истражниот тим.

Обвинителството нагласува дека навремено и сеопфатно расветлување на причините и одговорностите за пожарот останува врвен приоритет.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани  денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.

Од Обвинителството се упатија кон Собрание каде повикаа на одговорност и отставки од пратениците. Семејствата на загинатите имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратенците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче. Потоа се упатија кон Министерството за внатрешни работи каде се очекува да имаат и средба со министерот Панче Тошковски.

Во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, се осомничени 68 физички и три правни лица.

Пожарот беше предизвикан од искри од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“. Дискотеката работела без валидна лиценца и прекршувала бројни безбедносни стандарди, вклучувајќи недостаток на противпожарни системи и доволно излези за евакуација

Tags: Јавно обвинителствоКочаниПулс
Next Post
Фото: Скриншот од видео на ABC news

Нови детали за рускиот генерал убиен во автомобил-бомба во близина на Москва

EVN

НАЈНОВО

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Еванџелин Лили со ново обраќање за закрепнувањето по трауматска повреда на мозокот

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk