ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ванчо Џамбаски објави фотогалерија со 460 фотографии од „Марш за ангелите“ кои се слободни за преземање

May 1, 2025 19:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ
VDzambaski / Flickr

VDzambaski / Flickr

Share on FacebookShare on Twitter

Во знак на солидарност со семејствата на жртвите на трагедијата во Кочани, фотографот Ванчо Џамбаски објави фотогалерија со 460 фотографии од протестот „Марш за ангелите“ кои се слободни за преземање и реобјавување, пренесува Мета.мк.

Протестниот марш се одржа на 30 април во Скопје, во организација на семејствата на жртвите од трагичниот пожар што на 16 март го зафати импровизираната дискотела „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 62 лица, претежно млади.

Маршот започна пред зградата на Јавното обвинителство, а потоа продолжи пред зграда на Собранието. Родителите, роднините на загинатите и неколку стотици поддржувачи, меѓу кои и групи студенти, побараа одговорност за трагедијата, како и конкретни институционални мерки за да се спречат вакви катастрофи во иднина. По настанот на социјалните мрежи се појавија низа критики заради пасивноста на жителите на Скопје кои не го поддржале маршот со своето присуство.

Фотоактивизмот нуди можност за граѓаните кои би сакале да ја искажат својата поддршка за семејствата на настраданите да го сторат тоа преку споделување на фотографии, видеа или линкови за настаните на кои не можеле да присуствуваат лично.

Така, фотографиите од галеријата за „Маршот за ангелите“ може бесплатно да се користат и од комерцијални и од некомерцијални медиуми, како и од индивидуи на социјалните мрежи, под единствен услов при објавување да се наведе и името на авторот, и по можност, линк кон изворот.

По објавувањето на галеријата, низа граѓани што учествуваа на протестот или не можеле да бидат присутни но сочуствуваат со жртвите, почнаа да го споделуваат линкот или поединечни слики.

Ваквиот вид активизам претставува и поддршка за работата на непрофитните, малите и локалните медиуми, кои немаат можност да испратат фоторепортери на настани, поради ограничени финансиски и човечки капацитети.

Со објавување фотографии кои се слободни за користење им се помага и да избегнат ризик од тужби од комерцијалните фотографи и фотоагенции, чии слики објавени на интернет може да ги преземат без дозвола. Преземањето без дозвола ги изложува медиумите на тужби, бидејќи освен ако не е јасно назначено дека може да се употребат, се подразбира дека фотографиите „од интернет“ се заштитени според Законот за авторски и сродни права.
Означувањето на фотографии слободни за преземање се користи преку нивно примена на лиценци Криејтив комонс, како во случајот на Џамбаски, или други лиценци како GNU, или пак давање во Јавен домен. Еден важен светски ресурс кои ги користи ваквите лиценци е Википедија.

Tags: Ванчо ЏамбаскиМарш за ангелитеФотографии
Next Post
Фото: ВИ

Трамп потврди дека го разрешува Волц, но ќе биде нов американски амбасадор во ОН

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk